Македонија

Меџити ноќеска го посети опожарениот отпад во Трубарево

Со право предизвика загриженост кај сите нас. Дојдов во Трубарево и од терен со свои очи го видов ужасот што го предизвика овој сериозен инцидент, изјави првиот вицепремиер

 

„Веднаш по добивањето на информацијата за пожарот, сите надлежни служби – Министерството за животна средина, противпожарните екипи и другите институции – интервенираа навреме и ситуацијата во моментов е под контрола“, изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити кој ноќеска го посети местото на пожарот во Трубарево во објект за рециклирање батерии и електронски отпад.

„Од 14:00 часот, инспекторите се на терен и вршат мерења на квалитетот на воздухот. Првите резултати од Државниот инспекторат и од специјализираните лаборатории се очекуваат многу наскоро. Тие ќе бидат јавно достапни веднаш по нивната обработка. Дотогаш, ве повикувам сите да ги почитувате препораките на Министерството за заштита на вашето здравје и безбедност“, изјави Меџити.

Во соопштението од неговиот Кабинет, министерот за животна средина посочува дека компанијата во чиј објект вчера попладне во Трубарево избувна пожарот поседува важечка десетгодишна дозвола за работа, издадена во 2021 година.

„Во тесна соработка сме со сите институции за што побрзо и поефикасно надминување на оваа несреќа“, додаде Меџити.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top