Македонија

Нема зголемена радијација, ќе се испитуваат водата и почвата кај пожарот во Трубарево, велат од ИЈЗ

ИЈЗ испрати вонредни обучени екипи по насока на инспекторатот за животна средина, Министерство за Здравство и кризниот штаб, кои ќе земат примероци од почва и вода од непосредна близина на засегнатото подрачје за физичко хемиска анализа, а воедно ќе земат примероци (мостри) од чешми, бунари и почва за испитување на евентуално јонизирачко зрачење исто така во непсредна близина на засегнатите подрачја.

Институтот за јавно здравје врши следење на физичко хемиски својства во почва и вода и врши мониторинг на зрачење (радијација) во воздух, вода и почва. ИЈЗ поседува референтна акредтирана лабараторија со најсовремена опрема и дванесет мерни станици како и високо квалификуван и обучен кадар за следење на јонизирачко зрачење (радијација) во воздух.

ИЈЗ во вистинско време (real time) мери и добива информации за евентуалното зрачење во воздухот.

Во периодот од 7 до 14 септември 2025 година нашиот автоматски систем за мерење на радијација во воздухот работеше непрекинато и редовно ги следеше податоците од сите 14 мерни места низ Македонија. Меѓу нив е и станицата во Скопје (MKMP-1).

Резултати за Скопје (MKMP-1):

Просек во периодот: 51 нано сиверт на час

Најниска и највисока вредност: од 51 до 69 нано сиверти на час

Денес (14 септември 2025 во 11:30 ч.): 50 нано сиверти на час

За споредба: сите овие бројки се во рамки на природниот радијациски фон, односно нормалното природно зрачење кое секогаш е присутно во нашата околина. Нема никакви вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или на ризик за здравјето на граѓаните.

ИЈЗ известува дека во моментот нема одстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на зрачење тоест радијација во воздухот.

ИЈЗ испрати вонредни обучени екипи по насока на инспекторатот за животна средина, Министерство за Здравство и кризниот штаб, кои ќе земат примероци од почва и вода од непосредна близина на засегнатото подрачје за физичко хемиска анализа, а воедно ќе земат примероци (мостри) од чешми, бунари и почва за испитување на евентуално јонизирачко зрачење исто така во непсредна близина на засегнатите подрачја.

По анализата и обработката на истите ИЈЗ ќе ги сподели резултатите со јавноста.

Институтот и натаму внимателно ќе ја следи состојбата во координација со Минстерството за здравство и сите државни надлежни инстиутиции кои што се вклучени во процесот за надминување на ситуацијата. Воедно ИЈЗ препорачува и понатаму граѓаните да ги следат добиените препораки од страна на Институтот за јавно здравје.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top