Македонија

Во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина, дециден е Тошковски

Уништени огромни количини на дрога

Во Македонија дрогата и нелегалното оружје немаат иднина, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по уништувањето на запленети дроги и оружје во кругот на фабриката „Макстил“.

Со процесите на уништување на секој грам дрога и секое парче оружје, посочи дека државата покажува оти безбедноста на граѓаните во земјава и безбедноста на младите се крева на едно повисоко ниво.

Во денешната акција, додаде тој, унуштени се над 4.000 тони марихуана, 18.000 стебла марихуана, 79 килограми цвет и над 21 килограм други видови дрога, амфетамини, кокаин, хероин… Уништени се и над 100 парчиња оружје и над 1.000 парчиња чаури и останати компоненти од оружје.

– Овие се постари дрога и оружје собрани во претходните години каде што има завршено правосилни постапки. Во иднина ќе следат уште многу поголеми количини – рече Тошковски.

Упати порака до сите македонски граѓани кои изминатиот период биле подложни на одредени криминални банди во реоните на Скопје, Западна Македонија, Југоисточниот дел на државата, дека со нивно решевање запленети се количини нелегална дрога и оружје кои во иднина ќе бидат уништени.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top