Македонија

Легендарниот бербер Гане ,,фатен” на шишање

Скопската легенда Гане стана пошироко познат во македонската јавност откако во 1999 година почна да оди во претседателскиот кабинет каде го шишаше покојниот претседател Борис Трајковски

За легендарниот бербер Гане има многу фотографии каде тој шиша некого но оваа е првата на кој тој е фатен како го шишаат.

Скопската легенда Гане стана пошироко познат во македонската јавност откако во 1999 година почна да оди во претседателскиот кабинет каде го шишаше покојниот претседател Борис Трајковски.

Гане се уште е активен во својот дуќан во скопската населба Ченто каде половина век потшишува и ја испишува историјата на овој дел од Скопје.

Фотографијата на која берберот е тој што е потпишуван ја сликал и ноќи ја испрати редовен читател на expres.mk кој не замоли да ја објавиме во чест на легендарниот Гане.

Тој сега заедно со своите партнери Ласте и Зоки се грижат за фризурите на илјадници луѓе кои гравитираат кон пазарчето во Ченто и овој дел на Скопје во населбите Ченто, Маџари и Хиподром.

Покрај тоа што беше познат како бербер кој се грижеше за фризурата на покојниот претседател Борис Трајковски, Гане е дел од историјата на овој дел од главниот град и поради своите хуманистички и спортски активности.

Тој е еден од луѓето кои го основаа и водеа фудбалскиот клуб Маџари кој потоа се преименува во Маџари – Солидарност.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top