Македонија

Пријави злоупотреба на црвена регистарска табличка

Дека до овој момент, над 500 службени возила низ земјава веќе се со новите таблички

Како дел од мерките на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за ставање крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста, граѓаните ќе можат да пријавуваат незаконита, партиска или приватна употреба на службени возила, на 070 399 050 и на електронската адреса prijavizloupotreba@sozr.gov.mk,

Веќе е во тек процедура за унифицирање на возилата со специјалните регистарски таблички, кои се лесно видливи и јасно ги разликуваат службените од приватните возила.

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, вчера информираше дека до овој момент, над 500 службени возила низ земјава веќе се со новите таблици, а голем дел се во постапка и очекува таа да биде завршена во наредниве две недели до кога е и рокот за унифицирање на возилата со специјалните таблици.

„Ги охрабрувам граѓаните да ги пријавуваат сомнежите за злоупотреби. Ние ќе ги препраќаме до надлежната институција, за да се пристапи кон истражување и потврдување на евентуална злоупотреба и преземање на соодветни казни“, изјави Томовски.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top