Спорт

Ѓорческа почна со победа и на третиот турнир во Куршумлиска Бања

Најдобрата македонска тенисерка на стартот од турнирот во Србија славеше против Американката Шоп

По загубеното финале во Букурешт, Лина Ѓорческа им се врати на победите на третиот тениски турнир во Курмушлиска Бања, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 60.000 американски долари, кадешто првиот женски рекет на Македонија е втора носителка.

На Ѓорческа, која неделава е 207. на ВТА-листата во сингл, ѝ беа потребни 2:14 часа за да го скрши отпорот на Американката Ели Шоп (612.) и да слави со 6-4, 7-6 (2).

Противничка на 31-годишната тетовка во второто коло утре од 10 часот ќе ѝ биде Анастасија Золотарева (434.) од Русија.

 

Најнови вести од: Спорт

To top