Македонија

Кривични пријави против 11 лица од Куманово, меѓу нив и службени лица, осомничени за сторени махинации при увоз и регистрација на половни возила

Злоупотребувајќи ја службената положба, осомничените фалсификувале исправи и правеле и серија други кривични дела, внесувајќи ги половните возила во електронскиот систем без да ги платат давачките, административните и други такси, како и надоместоците

Секторот за внатрешни работи од Куманово во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.П.(43) од Куманово, вработена во МВР – Одделение за управни работи Куманово, поради сомнежи дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, Кривична пријава има и против Ф.Т. (29) од Куманово, вработен како контролор во станица за технички прегледи во Куманово, поради сомнежи дека сторил кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. Кривични пријави се поднесени и против: Б.П.(35) од Куманово, поради сомнежи за сторено кривично дело „прикривање стока, што е предмет на криумчарење и царинска измама“, против Д.З.(34) од Куманово, поради сомнежи за „давање лажен исказ“ и и „прикривање  стока, што е предмет на криумчарење и царинска измама“, како и против К.П.(39), М.П.(37), Д.М. (36), Д.С.(35), С.С.(40), М.М.(37) и М.М.(24), сите од Куманово, поради сомнежи за сторено кривично дело „прикривање стока, што е предмет на криумчарење и царинска измама“..

М.П. и Ф.Т. во текот на 2024 година се договориле Ф.Т. да наоѓа сопственици на моторни возила, кои сопствениците со странски регистарски таблички ги управуваат на територија на државата и во соработка и договор со Б.П. ги наоѓале сопствениците и за половина од цената, што треба да jа платат за царински и други давачки заради увоз на половни моторни возила, М.П. ги регистрирала и ги внесувала во електронскиот систем на регистрирани моторни возила без да ги платат давачките за увоз на половни моторни возила, за сообраќајна дозвола, административни такси, такса за користење на регионални и локални патишта и надомест за издавање на регистарски таблички.

Ф.Т., користејќи го своето работно место, а откако претходно се договорил со Б.П. Д.З., К.П., М.П., Д.М., Д.С., С.С., М.М., и М.М., изготвувал електронски табели налик на табелата, која се издава од Бирото за метрологија при издавање хомологација за возила увезени од странство, во кои внесувал податоци за возилата.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Одбележани 26 години од загинувањето на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во Арачиново

Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници-херои и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, беа подмолно и сурово убиени во заседа. Хероите на Македонија остануваат вечно вградени во колективната меморија, а нивната жртва ќе продолжи да инспирира сегашни и идни генерации.

ДИК: Излезноста на повторените локални избори зголемена само во Врапчиште, во другите општини намалена

На повторените локални избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше до 11 часот гласале 3 553 избирачи, односно 3,32 проценти од вкупно 128 286 запишани гласачи на 215 избирачки места, информира Државната изборна комисија (ДИК).

Мицкоски организира меѓупартиска лидерска средба, би се разговарало и за укинување на „Пржинската влада“

Премиерот Мицкоски минатата седмица изјави дека планира средбата да се оддржи на 14-ти јануари во Клубот на пратениците. Одлуката на премиерот доаѓа и покрај ставот на најголемата опозициска партија СДСМ да не учествува на таквата средба. 

МАН бара мерки против сите во СДСМ, кои навредуваат новинари и ги земаат како цел

Македонската асоцијација на новинари жестоко реагира на пресот на Филипче и бара да се преземат мерки и против новиот политички стратег на СДСМ, ПР агенцијата Прагма, која, како што велат, е одговорна за противзаконско делување на македонска политичка партија.

Жителите на тетовска Стримница бараат итна помош, поплавени им се куќите и загрозена им е безбедноста (Видео)

„Реката Вардар се излеа од коритото во селото Стримница, во општина Желино, во тетовскиот регион, предизвикувајќи поплави и материјални штети на некои куќи. Според жителите, водата им навлегла во визбите на куќите, загрозувајќи ги нивниот имот и безбедноста.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.

To top