Македонија

ДИК, ДКСК и ДЗР потпишаа Меморандум за соработка за локалните избори

Транспарентност околу финансирањето

Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија потпишаа Меморандум за соработка во пресрет на претстојните Локални избори.

Со овој Меморандум трите институции ја зацврстуваат својата определба за непосредна соработка, координација и заемна помош при спроведување на одредбите за финансирање на изборната кампања, размена на информации и податоци, како и навремено постапување по
утврдени неправилности.

Посебен акцент е ставен на транспарентноста во финансирањето на изборната кампања преку редовна размена на финансиски извештаи, како и на заеднички активности за унапредување на почитувањето на изборната регулатива со цел спроведување слободни, фер и демократски избори.

Меморандумот предвидува и меѓусебна соработка во делот на постапување по претставки, приговори и други постапки од заеднички интерес, консултации и размена на искуства, како и создавање и имплементација на заеднички проекти.

Со потпишувањето на овој документ, ДИК, ДКСК и ДЗР испраќаат јасна порака за нивната решителност да обезбедат кредибилен изборен процес и да ја зголемат довербата на граѓаните во институциите и изборите.

Најнови вести од: Македонија

Завршни зборови во морбидниот случај за убиството и касапењето на телото на 79-годишна жена од Штип

Ги сакал жените и никогаш не би кренал рака на нив -со овие зборови обвинетиот Денис Асанов, во јавноста познат како „касапот од ШТИП„ поради убиството на 79 годишната Борјанка Николова, што се случи лани во ноември, ја негираше својата вина во завршните зборови пред основниот суд во Велес. Обвинителството, пак посочувајќи на бруталноста на […]

To top