Свет

Макронови ќе понудат „научни докази“ дека Брижит е жена

Емануел и неговата сопруга планираат да презентираат фотографски и научни докази пред американскиот суд за да докажат дека г-ѓа Макрон е жена

 

 

Нивниот адвокат вели дека францускиот претседател и г-ѓа Макрон ќе ја презентираат документацијата во тужбата за клевета што ја покренаа против десничарската инфлуенсерка Кандис Овенс, откако таа го промовираше своето верување дека Брижит Макрон е родена како маж, пишува Би-Би-Си.

Адвокатите на Овенс одговорија со барање за отфрлање на тврдењето.

Во разговор за подкастот „Fame Under Fire“ на Би-Би-Си, адвокатот на Макрон во случајот, Том Клер, рече дека госпоѓата Макрон ги сметала тврдењата за „неверојатно вознемирувачки“ и дека тие биле „одвлекување на вниманието“ за францускиот претседател.

Адвокатот Клер рече дека ќе има „сведоштва што ќе излезат на виделина, а кои ќе бидат од научна природа“ и иако во оваа фаза не сакаше да ја открие нивната точна природа, рече дека двојката е подготвена целосно да покаже „и генерички и конкретно“ дека обвинувањата се лажни.

„Неверојатно е вознемирувачки да се помисли дека мора да се подложиш себеси, да изнесеш ваков вид докази“, рече тој.

„Тоа е процес на кој таа (Брижит) ќе мора да се подложи на многу јавен начин. Но, таа е спремна да го стори тоа. Таа е цврсто решена да направи сè што е потребно за да ги разјасни работите.

„Ако таа непријатност … е она што е потребно за да се разјасни ситуацијата и да се запре ова, таа е 100% подготвена да се справи со тој товар.“

Зарашан дали Макронови ќе објават слики од бремената Брижит и нејзиното одгледување деца, адвокатот Клер рече дека тие постојат и ќе бидат презентирани на суд каде што постојат правила и стандарди.

Инаку Овенс, поранешна коментаторка за конзервативниот американски медиум „Daily Wire“ која има милиони следбеници на социјалните медиуми, постојано го промовира својот став дека Брижит Макрон е – маж.

Во март 2024 година, таа тврдеше дека ќе го заложи својот „целосен професионален углед“ за тоа тврдење.

Тврдењето потекнува од маргиналните онлајн простори години претходно, особено преку видео на YouTube од 2021 година од француските блогерки Амандин Рој и Наташа Реј.

Макронови првично го добија случајот за клевета во Франција против Рој и Реј во 2024 година, но таа пресуда беше поништена по жалба во 2025 година врз основа на слобода на изразување, а не врз основа на вистина.

Макронови се жалат на одлуката.

Во јули, Макронови поднесоа тужба против Овенс во САД во која се тврди дека таа „ги игнорирала сите веродостојни докази што го побиваат нејзиното тврдење во корист на платформата на познати теоретичари на заговор и докажани клеветници“.

Во американските случаи на клевета против јавни личности, од тужителите се бара да докажат „вистинска злоба“ – дека обвинетиот свесно ширел лажни информации или дејствувал со неодговорно непочитување на вистината.

Најнови вести од: Свет

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

НАТО го претвора Готланд во тврдина против Русија

НАТО интензивно работи на зајакнување на одбраната на шведскиот остров Готланд во Балтичкото Море, кој се смета за една од најважните и најранливи стратешки точки на Алијансата во однос на Русија, објави „Политико“.

To top