Свет

Израел прифати прекин на огнот, Хамас – не

Израел го прифатил најновиот предлог на САД за 60 дневен прекин на огнот во Газа  и за ослободување на 28-те израелски заложници, пред да биде испратен до палестинската група Хамас, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит, објави Гардијан. Претседателот Доналд Трамп и специјалниот пратеник Стив Виткоф го испратија предлогот до Хамас откако Израел го […]

Израел го прифатил најновиот предлог на САД за 60 дневен прекин на огнот во Газа  и за ослободување на 28-те израелски заложници, пред да биде испратен до палестинската група Хамас, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит, објави Гардијан.

Претседателот Доналд Трамп и специјалниот пратеник Стив Виткоф го испратија предлогот до Хамас откако Израел го потпиша, рече таа.

„Исто така, можам да потврдам дека тие дискусии се во тек и се надеваме дека ќе постигнеме прекин на огнот во Газа за да можеме да ги вратиме сите заложници дома“, рече Ливит на брифинг.

На прашањето дали Хамас го прифатил предлогот, таа рече: „Според моите сознанија, не“.

Претставник на Хамас, чие име не беше објавено од Би-Би-Си, изјави дека предлогот не ги исполнува клучните барања, вклучително и прекин на војната, и дека ќе одговорат навреме.

Хамас е подготвен да ги врати сите притвореници во замена за целосно прекинување на непријателствата и целосно повлекување на Израел од Газа.

Најнови вести од: Свет

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

Европа мора да постави трговска политика со Кина, предупредување од директорот на Институтот за германска економија

Ваквата ситуација се однесува и на трговските ограничувања, критично прашање за извозно ориентираната германска економија. Хитер оцени дека Европа мора да ја води својата трговска политика со поголема самодоверба.

To top