Македонија

Спасен најавува чешлање во ЗАМП кое ќе покаже криминални договори меѓу уредници и анонимуси

Се работи за огромни пари кои се делат од здружението

Според најавата што ја објавува популарниот македонски пејач Спасен Сиљановски чешлање односно проверка на документацијата на ЗАМП ќе покаже криминални договори меѓу уредници и анонимуси.

Здружението за заштита на авторски музички права или скратено ЗАМП е организација која решава за исплата на авторски права за тие кои што создаваат музички дела кои се исполнуваат во јавноста.

Во медиумите и претходно дел од авторите давале изјави за постоење на индиции за криминал.

Сега популарниот Спасен вели дека софтверот кој треба да даде чесна распределба на парите за авторите воопшто не работи.

Според Силјановски сега парите од ЗАМП одат кај узурпатори кои се во договор со музички уредници.

,Наскоро ревизија во ЗАМП. Ке има добро “чешлање”
Службените органи конечно ќе прочешлаат како се делат и како се делеле парите од Македонските автори во изминативе 10 години.
Кога е набавен софтверот и зошто не се става во функција.
Криминални договори помеѓу музички уредници на национални телевизии и анонимни автори за “штампање” на тантиеми…..
….Полека, но клопчето мора да се отплетка. Ќе се запре конечно крадењето на Македонските автори.
….Тантиемите мора да појдат кај вистинските автори, а не кај одредена група узурпатори во ЗАМП”, пишува Силјановски.

Со оглед на тоа што сите угостителски објекти каде се изведуваат песни на автори и сите медиуми плаќаат на ЗАМП се работи за милионски суми кои според многумина не одат кај најизведуваните автори.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top