Македонија

Есен во Македонија: Топли денови и свежи утра

Денеска, 22 септември 2025 година, во 20:19 часот, официјално започнува есента на северната хемисфера, вклучително и во Македонија

Денеска, 22 септември 2025 година, во 20:19 часот, официјално започнува есента на северната хемисфера, вклучително и во Македонија, додека на јужната хемисфера ќе настапи пролетта. Првиот есенски ден, 265-тиот во годината, ќе трае 12 часа и 17 минути, со изгрејсонце во Скопје во 6:18 часот и зајдисонце во 18:35 часот. До крајот на 2025 година остануваат уште 100 дена.

Есента ќе трае до 21 декември во 10:02 часот, кога календарски ќе започне зимата. Според синоптичарите, првиот есенски ден носи свежо утро, проследено со сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, со минимални температури од 5 до 14 степени Целзиусови и максимални од 27 до 32 степени. Во Скопје утрото ќе биде посвежо со 11 степени, а преку денот температурата ќе се искачи до 32 степени.

Во вторник и среда се очекува да продолжи сончевото и топло време, невообичаено за овој период од годината. Од четврток, пак, времето ќе се промени – ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а дневните температури ќе почнат да опаѓаат.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top