Бизнис

И покрај милионскиот долг, „Пуцко петрол“ ќе продолжи да го снабдува ЈСП „Скопје“ со нафта

Граѓаните се жалат дека цело време има доцнења на градските автобуси. Стравуваат дека во наредните денови може да има прекин на јавниот превоз поради информациите што ги слушнале, односно проблемите со снабдувањето со нафта.

Откако граѓаните се изнаслушаа секакви сценарија, се огласија од нафтената компанија што го снабдува ЈСП со гориво. Сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, соопшти дека неговата компанија ќе продолжи да го снабдува ЈСП „Скопје“ со нафта за автобусите. Давајќи изјава за ТВ 21, тој одговори на шпекулациите во јавноста дека е можен прекин на градскиот превоз, откако од Градот Скопје веќе реагираа дека фирмата „Пуцко петрол“ и нејзиниот сопственик ја прекинале испораката на нафта и покрај активниот договор со ЈСП „Скопје“.

  • „ЈСП ни должи 10 милиони евра, две години не ги платиле фактурите за гориво. Пуцко Петрол редовно испорачува нафта, но моето прашање е ова – зошто сметките на ЈСП се блокирани и не можат да плаќаат за услуги што се есенцијални за функционирање, како што е горивото. Зошто Градот Скопје не го менаџира како што треба ова претпријатие? Сепак, Пуцко Петрол нема да го прекине снабдувањето со нафта, за да не страдаат граѓаните“, вели Асмир Јахоски за ТВ 21. 

Според него, Градот Скопје не управува правилно со претпријатието ЈСП, за кое додаде дека е заглавено во долгови. Сепак, повтори дека нема да го прекинат снабдувањето со гориво, за да не страдаат граѓаните.

Од ЈСП „Скопје“ соопштија дека нема најава за прекин на возењето на нивните автобуси. Иако вчера неофицијално имаше најави за проблеми со снабдувањето со нафта, оттаму соопштија дека вчера попладне пристигнале 20 тони гориво, по десет во двете автобази, што е доволно за возењето во текот на вчерашниот и денешниот ден.

Од Град Скопје преку соопштение реагираа дека фирмата „Пуцко петрол“ и нејзиниот сопственик Асмир Јахоски ја прекинале испораката на нафта и покрај активниот договор со ЈСП „Скопје“. Според Град Скопје, Јахоски го сторил тоа под „силен политички притисок“, со цел да се создаде хаос во главниот град.

Најнови вести од: Бизнис

Хуманоста како традиција: „АЛКАЛОИД“ со нова донација за здравјето на најмладите

Од првиот Хуманитарен пикник до денес собрани се близу 14 милиони денари наменети за поддршка на здравствени установи, хуманитарни и граѓански организации, деца, лица со ретки болести, ранливи категории и лица од третото доба, како и за иницијативи за заштита на животната средина

Мицковски: Со завршувањето на проектот за антимон ќе ја зголемиме важноста на Македонија и економскиот стандард

Тој се повикува и на првичните извештаи за резервите, според кои, како што наведува, тие би можеле да бидат значително поголеми од збирните резерви на двете водечки земји во светот во производството на антимон

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските транспортери

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските превозници. Од 23 септември оваа земја треба да почне да прима барања за долгорочни визи. Ова го најави Билјана Муратовска од Макам-транс. Во другите земји сè уште важи старото правило, возачите можат да бидат во Шенген најмногу 90 дена во период од 180 дена.

To top