
Фудбалерите на Престон лајонс од Мелбурн се покажаа „лоши“ гости, нанесувајќи му убедлив пораз на Вардар од 4:2 во пријателскиот натпревар меѓу двата најтрофејни и најпопуларни клуба на Македонците во Македонија и во Австралија одигран во тренинг-центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“, во Скопје.
Двоен стрелец за освојувачот на Купот на Македонија беше Едиз Спахиу, а за членот на новоформираната единствена втора лига на Австралија наречена Австралиски шампионат два гола постигна Конор Бел, а по еднаш погодија Џан Албано и Џорџо Серденес.
Пред почетокот на средбата од раководството на Вардар преку гостите од Австралија му испратија плакета на Андон Дончевски, кој пред неколку недели беше прогласен за почесен претседател на скопските „црвено-црни“.
Некогашната Престон Македонија во рамките на турнејата низ Македонија на 25 септември ќе му гостуваат и на Пелистер во Битола.