Свет

Илон Маск: Не се дрогирам!

Илон Маск објави на неговата социјална мреќа “X“ дека не зема дрога, еден ден откако Њујорк Тајмс објави дека за време на изборната кампања, поранешниот соработник на Доналд Трамп земал значителни количини кетамин, екстази и халуциногени печурки. „Да бидам јасен, НЕ земам дрога! Њујорк Тајмс лаже. Пред неколку години користев кетамин на рецепт и објавив […]

Илон Маск објави на неговата социјална мреќа “X“ дека не зема дрога, еден ден откако Њујорк Тајмс објави дека за време на изборната кампања, поранешниот соработник на Доналд Трамп земал значителни количини кетамин, екстази и халуциногени печурки.

„Да бидам јасен, НЕ земам дрога! Њујорк Тајмс лаже.

Пред неколку години користев кетамин на рецепт и објавив за тоа на X, така што ова не е ништо ново. Оттогаш не сум го земал“, напиша најбогатиот човек во светот.

Во својот напис од петок, Њујорк Тајмс објави дека Маск консумирал значителни количини кетамин, анестетик со стимулирачки ефекти, екстази и халуциногени печурки за време на изборната кампања.

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top