Свет

Без руска нафта, унгарската економија ќе падне на колена

Од членките на ЕУ, Унгарија и Словачка сè уште се потпираат на руската нафта и гас

Унгарија нема да се откаже од руската нафта, и покрај барањата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави премиерот Виктор Орбан на државното радио.

Орбан додаде дека го информирал Трамп дека откажувањето од увозот на енергија од Русија би било катастрофа за унгарската економија.

„Му кажав на американскиот претседател дека ако Унгарија биде исклучена од руската нафта и природен гас, унгарската економија ќе падне за 4 проценти“, изјави Орбан, цитиран од Асошиејтед Прес.

„Ова значи дека унгарската економија ќе биде фрлена на колена“, додаде тој.

Трамп постојано повторува дека земјите од НАТО и ЕУ мора да се откажат од руската енергија ако сакаат САД да воведат нови санкции врз Русија.

Во рамките на ЕУ, Унгарија и Словачка сè уште се потпираат на руската нафта и гас.

Најнови вести од: Свет

Мицкоски на економскиот форум во Давос

Премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и финансиски институции, презентирајќи ги поволностите за инвестирање во македонската економија, со посебен фокус на енергетиката и технологијата

Од вежба во Мохаве до Гренланд: Лекции од британските кралски маринци до американците

Иако воената вежба неможе да биде репер за вистински конфликт меѓу големите сили, денес се памети како потсетник дека исходот од секој конфликт зависи не само од големината и буџетот, туку и од тактиките, флексибилноста и начинот на кој се користат силите на терен.

To top