Македонија

Денеска се осветува храмот „Св. Елена и Константин“ во Скопје

Изградбата на храмот започна пред повеќе од една деценија, со благослов на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и благодарение на донации од верници и поддршка од локалната заедница

Во 8:30 часот утрово започна свеченоста на посветување на црквата „Свети Константин и Елена“ во срцето на Скопје.

Верници, религиозни лица, високи владини претставници, парламентарци, делегати од политички партии и од дипломатскиот кор кои беа присутни на овој важен настан, прво беше испеана „достојно ест“ од страна на свештените лица, по што продолжи церемонијата.

Осветувањето го изврши архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со многубројни владици од МПЦ-ОА. Верниците се собраа пред и во црквата уште пред 8 часот наутро.

Осветувањето го следеа и голем број верници надвор од храмот каде беше поставен голем видео бим. Изградбата на црквата започна во 2012 година и траеше 13 години.

ФОТО: МИА

Најнови вести од: Македонија

Владата на Македонија го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки со Албанија – ќе стартува на Ќафасан

Денес на седница на Владата на Република Македонија е донесена одлука за пуштање во употреба на системот за заеднички гранични проверки („One Stop Shop“) со Република Албанија, соопшти заменик-министерката за внатрешни работи Венера Азизи.

Музиката како мост за зближување на народите и културите: заедно ќе настапат 240 музичари од Скопје, Солун и Софија во Градскиот парк в сабота

Заедничката изведба на делото „Кармина Бурана“ од Карл Орф ќе се одржи во сабота, 20 јуни 2026 година во 21 часот, во Градскиот парк во Скопје (наспроти Националната арена „Тодор Проески“).

„Курир“: Со достоинство и почит во Турција го пречекаа Мицкоски, оти ги штити македонските интереси, а на Заев ни знаме не му извадија, оти ги распродаваше!

„Светските лидери го препознаваат македонскиот премиер Мицкоски како државник, кој бескомпромисно работи во заштита на македонските национални интереси, а знаеја дека Заев беше човекот, кој ги распродаваше тие исти интереси. Затоа не ги гледаат со исти очи и не ги пречекуваат со иста почит. Како се однесуваш дома, така те третираат надвор!“ – нагласува информативниот портал „Курир“ во својата статија.

Тошковски: Огромна осуда за какво било насилство во Македонија, нема толеранција за тоа, итно се постапува со случајот со бугарската амбасада!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остро го осуди вчерашниот инцидент со палењето возило во сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје. „Осуда за какво било насилство спрема било кого во Македонија е логична. Насилство нема да дозволиме и нема да биде толерирано.“ – нагласи министерот. Во однос на мотивите за инцидентот Тошковски посочи дека во овој момент не може да сподели повеќе информации, но додаде дека постапката е во тек и се води согласно со законските процедури. 

Пркосот на масакрираната „Македонска сончева колона“ од Ваташа кон бугарските фашисти на 16.6.1943: Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!

На денешен ден, на 16 јуни 1943 година беше извршен Ваташкиот масакр, најголемото злосторство врз македонскиот народ за време на Втората светска војна во Македонија, покрај Дабничкиот колеж. Со намера да го спречи големиот подем на народно-ослободителното движење во Македонија, а сѐ во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста „Моклиште“ масакрира и стрела 12 Македонци од селото Ваташа на возраст од 15 до 27 години. Во пролетта 1943 година, по повеќе акции на партизанските одреди на Третата оперативна зона, три полка бугарска војска и одреди полиција, под команда на полковникот Апостолов, од 7 до 16 јуни 1943 година започнува со офанзива за уништување на партизаните. Но, откако доживува неуспех, се нафрла и на мирното население. Врвот на бугарските погроми над цивилното македонско население е ваташкиот масакр „во чест“ на роденденот на бугарскиот престолонаследник Симеон ІІ. Дали и кога ќе дојде бугарски претседател, или премиер, во Ваташа да клекне пред масакрираните Македонци и да побара прошка во име на бугарската држава и народ, како што стори германскиот канцелар Вили Брант на 7.12.1970 пред споменикот на Евреите од Варшавското гето во Варшава, стрелани од германските фашисти? Тој дождлив ден германскиот канцелар Брант беше клекнат на колена само 30 секунди, но во таа половина минута испиша ново поглавје во германската историја. Дали може и бугарски политичар да испише денес ваква нова страница, вакво нови поглавје во нивната бугарска национална историја, засебна од македонската историја? Па дури тогаш да започне вистинска, нова ера на вистински македонско-бугарски добрососедски односи со заемно разбирање, признавање и пријателство?

Најнови вести

To top