Македонија

Николоски: Набавуваме 120 ЕКО автобуси

На Скопје му треба силна трансформација, градски воз, нови еколошки автобуси, нова инфраструктура

На Скопје му треба силна трансформација, градски воз, нови еколошки автобуси, нова инфраструктура! Градски воз, тоа е нешто што го ветивме и ќе го реализираме. Избран е Изведувач и потпишан е договор за првата делница од Зелениково, преку Драчево, помеѓу населбите Кисела Вода и Аеродром и завршува на новата железничка станица. ЈСП треба да има целосна промена на флотата, набавуваме 120 еколошки автобуси, 80 за Град Скопје и 40 за другите општини. Идниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ќе има силен партнер во мене, во премиерот Мицкоски, во Владата и во министерството за транспорт, напиша на Фејсбук министерот за транспорт, Александар Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со првиот човек на „Браќа Манаки“ и претседателката на Друштвото на филмски работници

Посебен печат на 47. издание му дава присуството на славни имиња од светската кинематографија, меѓу кои и Дан Лаустсен, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Џеф Кроненвет, кому му се доделува специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност

Ревизорите прашуваат: Како „ЕСМ“ фрли во ветер милиони на тендери без пазарна трка и контрола?!

Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности во јавните набавки на АД ЕСМ за 2024, период во кој компанијата презела обврски од 8,8 милијарди денари. Извештајот открива дека дури во 93 отсто од ревидираните постапки учествувал само еден понудувач или само една понуда била оценета како прифатлива. Наместо слободна пазарна конкуренција, енергетскиот гигант фаворизирал постапки со преговарање во четири очи и селективни критериуми.

To top