Македонија

Наглиот пад на температурата го вклучи алармот кај топланите, дали се спремни потстаниците?!

Грејната сезона во Скопје официјално почнува на 15 октомври, но парно греење корисниците можат да добијат веќе две недели порано, ако надворешната прогнозирана температура е до 12°Ц.

Поради студентото време, грејната сезона започнува две недели порано. АД ЕСМ која управува со скопските топлани, информира дека радијаторите во главниот град ќе бидат топли две седмици пред стандардниот почеток на грејната сезона на 15-ти октомври. Согласно регулативата, во вакви случаи има можност грејната сезона да стартува порано од предвиденото, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С.

За утре од Управата за хидрометеоролошки работи прогнозираат дека времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд, Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб северен ветер со минимална температура од 9°Ц и максимална до 19°Ц.

  • Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (преку 30 литри на квадратен метар). Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, в четврток и петок на повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во повремен снег. Температурата значително ќе опадне. В четврток минималната температура ќе биде од 4°Ц до 11°Ц, а максималната од 5°Ц до 13°Ц. Во петок минималната температура ќе биде 0°Ц до 6°Ц, а дневната од 6°Ц до 12°Ц. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура. В сабота минималната температура ќе биде од 1°Ц до 6°Ц, а максималната од 10°Ц до 18°Ц – соопштуваат од УХМР.

Заедниците на сопственици пак, треба да обезбедат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници и редовно електрично напојување во топлинската станица. Тоа значи дека треба редовно да се плаќаат сметките за струја и да се обезбеди функционална електрична инсталација. Завршените интервенции треба да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од Првата светска војна

По безбедносните проверки на состојбата на неексплодираната граната, согласно пиротехничарските, деминерски, стандардни оперативни процедури, гранатата е безбедно подигната од местото каде е пронајдена и се транспортира за понатамошна постапка за нејзино уништување.

Крај на пушењето – се крои досега најстрог закон

Македонија е на чекор до донесување на најригорозниот закон за заштита од пушење досега, кој драстично ќе го промени секојдневието на пушачите, угостителите и трговците. Според нацрт-верзијата на законот до која дојде Телма, се подготвува целосно исфрлање на цигарите од јавниот живот и затворените простори, без исклучоци.

Повторно блокиран граничниот премини „Евзони“, македонските транспортни компании трпат загуби

Грчките земјоделци и вчера попладне во истиот период го блокираа граничниот премин, а во однос на плановите за следните денови, исто како и досега, одлуките ќе ги носат во последен момент, особено сега кога изразија подготвеност во вторник да се сретнат со грчкиот премиер.

To top