Свет

Израел не дава хумантарна флотила да стигне до Газа

Речиси сите бродови се пресретнати. Само еден сè уште плови кон Газа

Израелски војници ја пресретнаа меѓународна флотила која се обидуваше да достави лекови и храна во Појасот Газа.

Тие се качија на бродовите кои се приближуваа кон енклавата, соопштија организаторите на мисијата.

Флотилата, составена од повеќе од 40 цивилни бродови, на која се околу 500 пратеници, адвокати и активисти, планираше да ја пробие израелската блокада на Газа.

Израелците ја започнаа операцијата кога флотилата беше на околу 90 наутички милји од енклавата. Речиси сите бродови оттогаш се пресретнати.

Само еден сè уште плови кон Газа.

Бродот„Микен VI“ што се приближи до брегот на Газа и кој плови под француско знаме утрово влезе во територијалните води покрај Појасот Газа. Моментално стои во место, на околу 15 километри од брегот.

Израелската влада, која го нарече обидот на флотилата да транспортира хуманитарна помош до воено разорената Газа „провокација“.

Израелските власти објавија дека активистите од флотилата, која Израел ја нарекува „Хамас-Сумуд“, „пловат безбедно и мирно кон Израел со своите јахти, каде што ќе започне нивната постапка за депортација во Европа“. Сите се безбедни и во добра здравствена состојба, според израелското Министерство за надворешни работи. Грета Тунберг е исто така на фотографијата.

Најнови вести од: Свет

Рама се пошегува на сметка на Трамп, Макрон се изнасмеа (ВИДЕО)

Трамп во август во интервју за „Фокс њуз“ се фалеше дека сопрел 7 потенцијални војни во светот и притоа направи гаф, зборувајќи за конфликтот меѓу меѓу Ерменија и Азербејџан околу Нагорно-Карабах кој заврши со потпишување мир во Белата куќа.

Трамп бара договор од универзитети: Потпишете ако сакате федерални пари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп побара од американските универзитети да потпишат договор што содржи услови за добивање преференцијален пристап до федералните средства, објави вчера „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на меморандум од 10 точки.

To top