Свет

Финскиот премиер: Русија претставува закана за цела Европа

Финскиот премиер Петери Орпо изјави дека Европската Унија мора да преземе досега невидени овластувања за да се одбрани од сè поизразените закани од Русија

bloomberg.com

Финскиот премиер Петери Орпо изјави дека Европската Унија мора да преземе досега невидени овластувања за да се одбрани од сè поизразените закани од Русија, во интервју за „Политико“ пред Самитот на лидерите на ЕУ во Копенхаген.

Тој нагласи дека Унијата мора да делува како „вистинска заедница“ во спротивставувањето на непријателските држави. – Потребни ни се заеднички капацитети на ЕУ – затоа е неопходно европско финансирање и соработка во рамките на Унијата, рече Орпо. – Покажавме солидарност во последните две децении – за време на пандемијата, во економијата, миграциите. Сега е време да покажеме солидарност во безбедноста, посочи тој.

Орпо потсети дека земјите на источниот фронт, како Финска, одамна повикуваат на зголемување на одбранбените трошоци. Тој посочи дека источната граница е „заедничка граница“ и дека никој не е безбеден од тактиките на Москва, наведувајќи ги неодамнешните инциденти со дронови кои ги приземјија авионите на аеродромот во Копенхаген.

– Овие инциденти се напади врз цела Европа, предупреди тој. – Кој е следен? Данска не е погранична земја, а сепак видовме што се случи, истакна премиерот на Финска.

На Самитот ќе се разгледува зајакнување на заедничките одбранбени способности и создавање „ѕид против дронови“, што би носело нови финансиски обврски за ЕУ. Орпо прецизира дека тоа не значи потиснување на НАТО. -Веруваме во НАТО. Но ЕУ може да направи повеќе – да ја зајакне воената индустрија и капацитетите во Европа. Без тоа, нашата одбрана не може да биде посилна, оцени тој.

Самитот во Копенхаген, прв по јуни и во организација на Данска како претседавач со Советот на ЕУ, се одржува во време на зголемени тензии. – Нема знаци дека (рускиот претседател Владимир) Путин ќе се смири. Јас сум многу загрижен. Сега е време за акција, заклучи Орпо.

Најнови вести од: Свет

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

НАТО го претвора Готланд во тврдина против Русија

НАТО интензивно работи на зајакнување на одбраната на шведскиот остров Готланд во Балтичкото Море, кој се смета за една од најважните и најранливи стратешки точки на Алијансата во однос на Русија, објави „Политико“.

To top