Македонија

Мицкоски: СДСМ нема црвени линии, а Филипче со свитканиот ‘рбет ја дарува Бугарија, велејќи „не нѐ интересираат нашите во Пиринска Македонија“!

„Затоа со масовно гласање за број 9 и за ВМРО-ДПМНЕ се прави вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место и за твојата иднина, за да се стави конечно ред и да дојде правда во државата.“ – порача премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вчерашниот митинг во Могила.

„Првата порака, која ја испратија од СДСМ во оваа кампања, беше нивниот документ, што го нарекоа ‘резолуција на СДСМ’ со така наречени ‘црвени линии“. Но зарем некој денес во Македонија верува дека СДСМ може да биде патриотска партија и да има црвени линии? Зад тој нивен документ се крие прво тоа што тие ги уриваат тешко повратените минимални, но повратени национални и државни позиции, што го стори владата во изминатите 15 месеци. Второ е тоа што тие имаат уште еден подарок за Бугарија, а кој е тој подарок? Претседателот на СДСМ Филипче вели ‘еве, уште еднаш да го свиткаме ‘рбетот без да добиеме ништо, не нè интересираат нашите во Пиринска Македонија’.“ – кажа премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Могила во рамки на кампањата за локалните избори,

Мицкоски напомна дека на своите предизборни митинзи од СДСМ едвај успеваат да соберат по неколкумина присутни. „Ова раководство ја доведе СДСМ како партија под минимумот, под 150 илјади гласа и тие на овие избори ќе се борат жестоко да освојат меѓу 120 и 130 илјади гласа. Но тој е нивен проблем. Очекувам после овие избори да има таму прочистување, реконструкција и нови млади сили, што ќе донесат нова енергија и кои ќе бидат конструктивна опозиција, па да работиме заедно на основа на идеи, аргументи, проекти и визија, а не на црна кампања.“ – нагласи Мицкоски.

Премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека една од политичките пораки, кои ги испраќа опозицијата во овие предизборни денови, е дека безмилосно ќе ги штити своите аргати и лакеи во обвинителството и судството.

„Јас веќе кажав дека ние немаме намера да ги поддржуваме тие малкумина корумпирани аргати и лакеи на СДСМ и ДУИ во судството и обвинителството. Не ги заслужуваат платите, што ги земаат. Од СДСМ не почекаа ниту еден ден да помине, откако го имав ова кажано, па уште истиот ден се изредија во првите редови да ги бранат.“ – нагласи Христијан Мицкоски, додавајќи дека МВР подготви со докази голем број предмети, но и оти судството и обвинителството ги чуваат во фиока.

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top