Свет

Белата куќа со реакција на шегата на Рама за Трамп

Телевизијата „Топ њуз“ пренесува реакција од Белата куќа по шегата на албанскиот премиер Еди Рама за претседателот Доналд Трамп, направена во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Телевизијата „Топ њуз“ пренесува реакција од Белата куќа по шегата на албанскиот премиер Еди Рама за претседателот Доналд Трамп, направена во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

На прашањето на „Топ њуз“, дали коментарите на Рама се сфатени во негативен контекст и дали ќе влијаат на билатералните односи, заменик секретарот за печат на Белата куќа, Ана Кели, дала целосно дипломатски одговор.

„Претседателот Трамп направи повеќе за глобалната стабилност од кој било друг лидер во светот“, одговорила таа.

– Шегата на Рама во присуство на двајца други лидери беше оценета како „мајтапење“ од некои од најпрестижните медиуми во светот, но самиот Рама го негираше тоа, велејќи дека радосниот момент бил превртен наопаку со злонамерна намера, објавија албанските медиуми.

Во видео кое веднаш стана вирално во многу медиуми, вчера, пред почетокот на самитот на Европската политичка заедница, во Копенхаген, се слуша како Рама, до кого е и Алиев, му вели на Макрон да се извини што не им честиташе на Албанија и Азербејџан за потпишаниот мировен договор.

Хумористичниот коментар на Рама следува откако претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во изјава на 18 септември, ја помеша Албанија, со Ерменија, па рече дека „завршил конфликтот меѓу Албанија и Азербејџан“.

Во видео-записот, Рама му вели на Макрон, дека треба да се извини а на неговото прашање: Зошто? Рама одговара затоа што не му честитал нему и на Алиев, за постигнатиот мировен договор меѓу двете земји, додавајќи дека „претседателот Трамп работеше напорно, напорно, за овој договор. Имавме 500 години конфликт“, на што Макрон одговара жал ми е, па сите заедно се смеат.

Целото видео може да го погледнете на нашиот инстаграм профил

https://www.instagram.com/reel/DPTnXVSjJr2/

 

Најнови вести од: Свет

Штајнмаер го спореди доаѓањето на Трамп на власт со руската инвазија на Украина

Нарекувајќи ја војната непотребна и „политички катастрофална грешка“, Штајнмаер рече дека вториот мандат на Трамп означи прекин во германските надворешни односи, длабок како и руската инвазија на Украина.

Техеран со потсмев на изјавата на Трамп: Ормускиот теснец ќе го контролираме заедно јас и ајатолахот (ВИДЕО)

Иранската амбасада во Саудиска Арабија објави иронична и провокативна објава на социјалната мрежа X, со која се потсмева на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормушкиот теснец „ќе го контролира тој и ајатолахот“.

Се крои ново пуштање нафта од резервите, од кога конкретно?!

Земјите-членки на ИЕА веќе на 11 март одлучија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од резервите, што одговара на околу една петтина од вкупните резерви, на пазарот со цел да се ублажи наглиот пораст на цените на нафтата на светските пазари.

Најнови вести

To top