Македонија

Ѓорѓиевски од Ѓорче Петров: Крај на дивите депонии, модерна гимназија и безбедни улици

На митингот во Ѓорче Петров, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, изјави

facebook.com/1OrceGj

На митингот во Ѓорче Петров, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека партијата ќе победи како никогаш досега и им се заблагодари на поддржувачите за посветеноста да го вратат Скопје како гордост. Тој нагласи дека Ѓорче Петров ќе продолжи да се развива како досега под раководството на Александар, но дека по изборите целиот град ќе стане убаво и пристојно место за живеење. „Скопје нема повеќе време за изговори или експерименти, туку му треба докажана работа и максимум со љубов“, рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека нема да дозволи втори шанси за опонентите.

Ѓорѓиевски им порача на ривалите дека Скопје нема време за театар или неуспешни обиди и претстави клучни проекти за подобрување на животот. Неговата прва акција ќе биде генерално чистење на главниот град во 72 часа, проследено со четиригодишна програма против диви депонии. Во Ѓорче Петров, каде граѓаните со години се борат со слаб притисок на водата, ќе се изгради нов резервоар и пумпна станица на Оризарски Рид за стабилно водоснабдување на генерациите.

Тој не бега од проблемите, туку нуди решенија: пробивање на улицата Шарпланинска за подобар проток кон Волково, Ново Село, Орман, Кисела Јабука, Никиштани и Кучково; нов модерен објект за СУГС „Кочо Рацин“ со лаборатории и спортски содржини; кружен тек меѓу Ѓорче Петров и Македонска војска за намалување на метежот; реконструкција на улица 101 во Волково со безбедни тротоари; и изградба на улиците Веле Марков и Шарпланинска, плус поврзување на „Лука Геров“ со патот кон Економија. „Ова не е само битка за чисти улици, туку за душата на Скопје – метропола со европски вредности и македонски печат“, заклучи Ѓорѓиевски.

https://www.facebook.com/reel/800394345870211

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

Од пад од 5% до раст од 5,2% – СДСМ да ги погледне статистичките податоци за платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ се повика на податоците на ДЗС според кои просечната нето-плата во септември изнесувала 49.141 денар, со номинален годишен раст од 8,1 отсто и реален раст од 5,2 отсто. Во септември 2022 година реалната нето-плата бележела пад од пет проценти.

Охриѓани со порака: Насилството не е проблем на една личност, тоа е заеднички проблем

Љупчo Ѓорѓиески, таткото на 26-годишна Сара Ѓорѓиеска која нејзиното момче Кристијан Корабоски на 15 ноември ја претепа до бесознание и ја остави на улица во Охрид, денеска со нејзина фотографија на која ѝ се гледаат модрици по лицето се приклучи на охридскиот протест против насилството врз жените и фемицид.

To top