Македонија

Николовски: СДС е најголемата криминална банда во историјата на Македонија! Ја опустошија и вршеа национални предавства!

„Потребна е голема мобилизација на овие избори. Масовно да се излезе на 19 октомври, да гласаме за број 9 и да победиме уште во првиот круг, за да ѝ ставиме конечен крај на оваа банда.“ – кажа потпретседателот на Владата на Република Македонија и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски во текот на вчерашните обраќања на митинзите во Струмичко.

„СДС е најголемата криминална банда воопшто видена во македонската историја и во македонската политика. Ја опустошија целата држава и правеа национални предавства!“ – изјави потпретседателот на Владата на Република Македонија и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски при посетата на четвртата изборна единица вчера во струмичкиот крај. Тој имаше обраќања на вчерашните митинзи во Струмичко, одржани во рамки на изборната кампања на ВМРО ДПМНЕ, чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“ за локалните избори на 19 октомври,

Николоски истакна дека лидерот на опозициската СДС Венко Филипче има неколку регистрирани компании во Бугарија. Притоа го повика да даде одговор пред јавноста во врска со тие компании и да ги открие деталите за нив. Затоа што, како што нагласи Николовски, јасно е дека се работи за најголемата криминална банда во политиката на државата, а тоа е бандата на СДС.

„Венко Филипче има неколку компании регистрирани во Петрич, на улица Гоце Делчев број 4, па добро е да каже како се регистрираат тие компании, што работат тие компании, од каде профитот на тие компании и дали од докторска плата тоа се заработува.“ – посочи Александар Николовски.

,Добро е македонскиот народ да ги слушне сите овие одговори. Јасно е дека се работи за најголемата криминална банда воопшто видена во македонската политика. Се работи за луѓе, кои што ја опустошија целата држава. За да се заштитат себе си, правеа национални предавства. Затоа ни е потребна голема мобилизација на овие избори. Масовно да се излезе на 19 октомври, да гласаме за број 9 и да победиме уште во првиот круг, за да ставиме конечен крај на оваа банда. – кажа вицепремиерот и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Секој миг ги градам темелите на Македонија, кои ги уриваа СДСМ, но ќе им се скинат куферчињата со пари, што ги добиваа за тоа од Бугарија!

„Служејќи им како слуги на нивните политички господари од источниот сосед СДСМ ја разурнаа државата и направија системот да пропаѓа, кои сега мораме да ги градиме од нивните темели. Но нека не создаваат лажна слика на душогрижништво, затоа што темелите на овој дом се составени од надежите, мотивите и жртвата на илјадници луѓе, кои се вградија во тие темели. Целото мое време го посветувам, за да ја кренеме Македонија, ама нека не се залажуваат и нека не помислуваат дека заборавив сѐ, што ѝ направија на државата!“ – им порача претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерот на СДСМ Венко Филипче, неговиот гуру Зоран Заев и на нивните сопартијци од вечерашниот митинг во Струмица.

(Видео): Пукна водоводна цевка во Скопје, делови од градот без вода за пиење

ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ соопшти дека поради сериозен дефект на водоводна цевка Ф600 мм на улица Франце Прешерн 100Д во населбата Влае, голем дел од градот е без вода, а останатите делови имаат намален притисок.

To top