Свет

Хамас: Нема да го положиме оружјето

Високиот функционер на палестинското милитантно движење Хамас, Махмуд Мардави, денеска ги негираше медиумските извештаи

Високиот функционер на палестинското милитантно движење Хамас, Махмуд Мардави, денеска ги негираше медиумските извештаи дека групата наводно се согласила да го положи оружјето, како што е предвидено во планот на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Газа.

„Махмуд Мардави ги негираше лажните тврдења на телевизијата Ал Хадат и голем број други медиуми во врска со напредокот на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и ставот на движењето по прашањето за предавање на оружјето“, се наведува во соопштението на Хамас, објавено на каналот Телеграм, пренесуваат руските медиуми

Мардави додава дека „овие изјави немаат основа и имаат за цел да ја дискредитираат позицијата на Хамас и да ја измамат јавноста“.

Претходно, саудиските телевизиски канали Ал Арабија и Ал Хадат, повикувајќи се на извори, објавија дека Хамас ги информирал САД дека  прифаќа да го положи оружјето.

Документот се состои од 20 точки, а во него, меѓу другото, се бара воспоставување привремена надворешна администрација во палестинската енклава и распоредување на меѓународни сили.

На 3 октомври, Хамас им го достави на медијаторите својот одговор на предлогот на Трамп, во кој изрази подготвеност да ги ослободи сите живи израелски заложници и да ги предаде телата на загинатите. Нова рунда индиректни преговори меѓу Израел и Хамас ќе се одржи денеска во Египет.

Најнови вести од: Свет

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување, за да не биде блокирана, а угледот на Урсула Лаен е на коцка!

„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен се подготвува за борба со главните градови на ЕУ околу плановите за прием на нови членки. Taa има само неколку седмици да ги убеди дека може да се справува со опасностите од проширување на евроблокот. Угледот на Урсула фон дер Лаен е на коцка.“ – пишува денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“ во својата статија со наслов „Операција за одблокирање“.

To top