Свет

Тајван: Трамп да добие Нобелова за мир, ако…

Доколкку го убеди кинескиот лидер Си Џинпинг да се воздржи од употреба на сила против Островот

Американскиот претседател треба да ја добие Нобеловата награда за мир ако може да го убеди кинескиот лидер Си Џинпинг да се воздржи од употреба на сила против Тајван, изјави претседателот на островот Лаи Чинг-те, објави Ројтерс.

Се очекува Трамп да се сретне со Си на самитот на азиско-пацифичките лидери во Јужна Кореја подоцна овој месец.

Лаи се осврна на изјавата на Трамп од август дека Си му рекол дека Кина нема да го нападне Тајван додека е претседател.

„Се надеваме дека ќе продолжиме да ја добиваме поддршката од претседателот Трамп.
Ако претседателот Трамп може да го убеди Си Џинпинг целосно да се откаже од каква било воена агресија против Тајван, тој несомнено ќе биде добитник на Нобелова награда за мир“, рече Лаи.

Трамп рече дека ја заслужува честа, која им е доделена на четворица негови претходници во Белата куќа.

На прашањето што би му рекол на американскиот претседател доколку се сретне со него, Лаи рече дека би му советувал на Трамп да обрне внимание на постапките на Си.

„Би го советувал да обрне посебно внимание на фактот дека Си Џинпинг не само што спроведува сè поголеми воени вежби во Тајванскиот теснец, туку и ги проширува своите воени сили во Источнокинеското и Јужнокинеското Море“, забележа тој.

Соединетите Американски Држави, кои се законски обврзани да му обезбедат на Тајван средства за самоодбрана, долго време се придржуваат до политиката на „стратешка двосмисленост“, не прецизирајќи дали би одговориле воено на кинески напад врз Тајван.

Лаи ги отфрла територијалните претензии на Пекинг и вели дека само народот на островот може да одлучи за својата иднина. Кина, пак, го нарекува Лаи „сепаратист“ и постојано ги отфрла неговите предлози за преговори.

Трамп инсистира да добие Нобелова за мир

Најнови вести од: Свет

Штајнмаер го спореди доаѓањето на Трамп на власт со руската инвазија на Украина

Нарекувајќи ја војната непотребна и „политички катастрофална грешка“, Штајнмаер рече дека вториот мандат на Трамп означи прекин во германските надворешни односи, длабок како и руската инвазија на Украина.

Техеран со потсмев на изјавата на Трамп: Ормускиот теснец ќе го контролираме заедно јас и ајатолахот (ВИДЕО)

Иранската амбасада во Саудиска Арабија објави иронична и провокативна објава на социјалната мрежа X, со која се потсмева на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормушкиот теснец „ќе го контролира тој и ајатолахот“.

Се крои ново пуштање нафта од резервите, од кога конкретно?!

Земјите-членки на ИЕА веќе на 11 март одлучија да ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од резервите, што одговара на околу една петтина од вкупните резерви, на пазарот со цел да се ублажи наглиот пораст на цените на нафтата на светските пазари.

To top