Македонија

Мицкоски: Празникот Курбан Бајрам нѐ потсетува на вистинските вредности и принципи во животот

Во свое лично име и во име и од името на Владата, премиерот Христијан Мицкоски денеска го честиташе муслиманскиот празник Курбан Бајрам, на сите граѓани припадници на исламската заедница. Тој им посака празникот да го поминат во добро здравје, мир, благосостојба и спокој во срцата и домовите. „Празникот Курбан Бајрам не потсетува на вистинските вредности […]

Во свое лично име и во име и од името на Владата, премиерот Христијан Мицкоски денеска го честиташе муслиманскиот празник Курбан Бајрам, на сите граѓани припадници на исламската заедница.

Тој им посака празникот да го поминат во добро здравје, мир, благосостојба и спокој во срцата и домовите.

„Празникот Курбан Бајрам не потсетува на вистинските вредности и принципи во животот, а тоа е да правиме добри дела, да помагаме и да сме хумани бидејќи хуманоста и солидарноста се најголемите човечки особини.

Исламската заедница и сите нејзини верници се дел од оваа држава, затоа потребно е да си подадеме рака и да ги почитуваме различностите, бидејќи само така ќе изградиме држава на среќни и задоволни граѓани.

Нашата заложба е државата да ја градиме во меѓусебно разбирање, почитување, доверба и толеранција. Тоа ќе го постигнеме само доколку сме обединети заедно.

Како Влада за краток период успеавме да ја трансформираме државата, преку дијалог и соработка да реализираме проекти од кои најголеми придобивки ќе имаат сите граѓани без разлика на нивната етничка или верска припадност.

Но, потребни се крупни чекори за остварување на заедничките цели и затоа нека борбата за подобра иднина, надеж и поквалитетен живот бидат нашата заедничка водилка за успешна и победничка Македонија, држава дом за секој граѓанин и Македонија држава на промените.

Нека Ви е честит Курбан Бајрам“, сподели Мицкоски на социјалните мрежи.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top