Македонија

Дојава за бомба: Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ оставен сомнителен куфер

Дојава за бомба ги испразни зградите околу плоштадот „ВМРО“ каде е и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Во попладневните часови денеска, околу 13 часот, обезбедувањето на Јавното претпријатие „Државни патишта“ пријавило сомнителна активност пред нивните канцеларии на плоштад „ВМРО“ во Скопје, каде што се наоѓа и седиштето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според Министерството за внатрешни работи (МВР), видеонадзорот ги регистрирал две лица кои го набљудувале просторот, при што едно од нив оставило куфер на местото.

Веднаш по пријавата, полициските служби реагирале брзо, преземајќи ги потребните мерки и проверки. „Денеска (08.10.2025) во 12:55 часот, пријавено е дека на видеонадзор пред канцелариите на ЈП ‘Државни патишта’ на плоштад ‘ВМРО’ во Скопје забележани се две лица кои го разгледуваат местото, а едно од нив оставило куфер. По пријавата, преземени се соодветни активности и утврдено е дека куферот бил празен“, информираа од МВР.

Инцидентот предизвикал краток момент на вознемиреност во центарот на градот, но среќата, безбедносните протоколи се активирале навреме, без да дојде до каква било опасност.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top