Бизнис

Азески: За в година се очекуваат нови инвестиции и раст на македонската економија

За стопанството пак, најважна е инфраструктурата, односно нормалното функционирање на бизнисите кои ја движат економијата. Тие бараат што побрзо завршување на започнатите проекти за изградба на патиштата и железницата, кои како што велат, се крвоток на Македонија и секаде во светот.

Најголемата Стопанска комора на Маккедонија со позитивни гледишта во блиска иднина на економски план. Првиот човек на комората Бранко Азески најави нови инвестиции. Рече дека е дојдено времето да се разговара за двојно поголем економски раст, но за тоа да се случи, вели тој, треба и мора да се има поголема поддршка од надлежните. Претседателот на Комората, Азески, смета дека за државата мора приоритети да бидат зголемување на извозот, поддршка на иновациите и инвестиции во образованието – клучни за напредот на едно општество.

За стопанството пак, најважна е инфраструктурата, односно нормалното функционирање на бизнисите кои ја движат економијата. Тие бараат што побрзо завршување на започнатите проекти за изградба на патиштата и железницата, кои како што велат, се крвоток на Македонија и секаде во светот. Тоа ќе значи побрз транспорт на стоки и поголем извоз во странство. Азески вели дека предолго се чекало на овие проекти и многу се доцни. Соседите биле далеку пред нас, особено Косово, кој го реализирал автопатот до македонска граница. Вели дека било срамота да се фалиме со два километри автопат, зашто според него, се има зачувано во телефон и сите разговори и преговори.

Парално, реномираната Светска банка очекува 3,1%, а ЕБОР зголемување на економските активности за дури 3%.

Најнови вести од: Бизнис

Каматите мируваат, новите кредити поскапи – монетарно движење во април

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%, наведува Народна банка. Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во април 2026 година, изнесува 4,70% и е непроменета во однос на претходниот месец, додека на годишна основа оствари пад од 0,41 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечно и годишно намалување од 0,02 п.п. и 0,04 п.п., соодветно и изнесува 2,16%.

Ристески на средба со винариите: Упатен повик за аплицирање на достапната институционална поддршка

Владата и Министерството за економија и труд се партнери на домашните винопроизводители, само преку заеднички дијалог и соработка можеме да креираме квалитетни политики кои ќе овозможат долгорочен развој на македонската винска индустрија и лозарство.

To top