Свет

Киев во пламен: Русија таргетира енергетксата инфраструктура(ВИДЕО)

Рано уторово, масовни руски напади со беспилотни летала и ракети го погодиле Киев

Рано уторово, масовни руски напади со беспилотни летала и ракети го погодиле Киев, предизвикувајќи пожар во облакодер во централниот Печерски округ и таргетирајќи енергетски објекти низ Украина. Украинската министерка за енергетика, Свитлана Гринчук, изјавила дека руските сили напаѓаат енергетски објекти, а енергетските работници преземаат мерки за намалување на штетите. „Експертите за енергетика преземаат сите потребни мерки за намалување на негативните последици. Штом безбедносните услови дозволат, тие почнуваат да вршат санација“, напишала Гринчук на социјалната мрежа Фејсбук.

https://x.com/Zlatti_71/status/1976517697371296038

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјавил дека осум лица се повредени, од кои пет се во болница, и дека градот останал без електрична енергија. Шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, објавил дека главниот град бил нападнат од руски беспилотни летала и ракети по полноќ. Ткаченко рекол дека дрон запалил станови на 6-тиот и 7-миот кат од облакодер во Печерски округ, но нема извештаи за жртви. Сликите објавени на интернет покажале станови во пламен додека пожарникарите заземаа позиции за да реагираат.

https://x.com/DanaSLJL/status/1976478042622132436

Во југоисточниот град Запорожје, беспилотните летала погодиле неколку цели, при што биле повредени три лица и предизвикан бил најмалку еден пожар во станбена зграда, изјавил регионалниот гувернер.

https://x.com/SMO_VZ/status/1976494332124225767

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top