Македонија

Меџити: „Бујар, избери место, медиум за мегдан“

Ккандидат за градоначалник на општина Чаир, одговори на изјавите на неговиот противкандидат Бујар Османи, дека наводно се плашел од ТВ-дебата

 

 

Откако видел дека губи терен, Османи се обидува со задоцнето глумење да создаде лажен впечаток, вели кандидатот за градоначалник на Чаир Изет Меџити, откако неговиот „ривал“ јавно го обвини дека се плашел од јавен дуел со него..

Толку се контрадикторни и не знаат што зборуваат. На почетокот на кампањата јавно го повикав мојот противкандидат да излеземе на телевизиски дуел, да се соочиме, затоа што ВРЕДИ донесе конкуренција меѓу Албанците, конкуренција на албанската политичка сцена, конкуренција во идеи, во програми. Нека биде тоа политичка трка, кој ќе направи повеќе за Арачиново, кој ќе направи повеќе за Чаир, за нашите општини.

А неговиот одговор беше: Јас ќе излезам на дуел со Мицкоски, не со овие!

А вчера и завчера го слушнав, откако виде дека ја губи битката и нема што повеќе да изгуби, отиде и глумеше пред МРТВ, „Еве дојдов, Изет не дојде“, вели Меџити..

„Му одговорив и писмено, но ќе го искористам и оваа место, Арачиново, непокорената тврдина, за да му порачам: Бујар, избери го местото, избери го медиумот, сам, заедно со Али Ахмети, со Артан Груби, со твојот тим, со ПР агенциите што ги имаш, ајде во кој сакаш медиум, на мегдан, на плоштад, каде што сакаш, таму ќе дојдам.

Ќе ги соочиме нашите политички аргументи, нашите идеи, нашите проекти, нашата програма, нашата визија,“ изјави првиот вицепремиер Изет Меџити, воедно и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на општина Чаир.

Најнови вести од: Македонија

Зошто менталното здравје на младите е заглавено помеѓу стигма и тишина?!

Зголемена анксиозност кај населението по ковид: бројки кои загрижуваат. Истражувањата спроведени по ковид-19 пандемијата покажуваат алармантни податоци – повеќе од една третина од возрасното население изјавило дека чувствува зголемен стрес, анксиозност или несигурност, а секој четврти пријавил симптоми на депресија.

To top