Македонија

Експресно разрешен директорот од видеото на кое меша бела прашкаста материја

На директорот на Неврологија му пресуди бела прашкаста материја

Мнистеротот за здравство Азир Алиу експресно го сменил директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како меша бела прашкаста материја и зборува во контекст на дрога.

Откако го видел видеото министерот Алиу веднаш го разрешил Кузмановски кој за директор беше назначен во август годинава.

Од Министерството за здравство во официјално соопштение ја потврдија веста и најавуваат дека во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури.

Од министерството информираат дека работата на Клиниката продолжува непречено.

На социјалните мрежи денеска се појави видео на кое се гледа како Кузмановски пред други лице меша бела прашкаста материја во чинија и зборува за неа во контекст на дрогата кокаин.

Кој го снимал видеото засега не е познато но според начинот на комуникација се работи за близок човек на екс директорот.

Најнови вести од: Македонија

Стручна расправа за предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање во Министерството за транспорт

Со измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5000 m2, да се одвиваат преку Министерството за транспорт

Савевски: Почеста употреба на гаранција како мерка за обезбедување присуство наместо притвор

Доколку некој побегне, а оставил гаранција – тој имот, недвижен или подвижен имот, како и да е, има одредена вредност. Таа вредност, доколку побегне, останува сопственост на нашата држава, вели новиот државен обвинител

Најнови вести

To top