Свет

ISW: Русија сака да освои половина од Украина до крајот на 2026 година

Висок украински функционер изјави дека руската војска има намера да заземе половина од Украина до крајот на 2026 година. Но, малку е веројатно дека руските сили ќе можат да постигнат толку голем напредок за толку кратко време, со оглед на моменталните офанзивни капацитети на Русија и под претпоставка дека протокот на западна помош за Украина […]

Висок украински функционер изјави дека руската војска има намера да заземе половина од Украина до крајот на 2026 година.

Но, малку е веројатно дека руските сили ќе можат да постигнат толку голем напредок за толку кратко време, со оглед на моменталните офанзивни капацитети на Русија и под претпоставка дека протокот на западна помош за Украина продолжува, оценува Институтот за проучување на војната (ISW).

Украинскиот полковник Павло Палиса, им изјави на новинарите на 5 јуни дека Русија веројатно има за цел да ги заземе сите региони Донецк и Луганск до 1 септември 2025 година.

Покрај тоа, Кремљ се стреми да создаде тампон зона по должината на северната украинско-руска граница до крајот на 2025 година.

Палиса, исто така, изјави дека Русија има намера да ја окупира украинската територија на источниот (левиот) брег на реката Днепар и да ги заземе регионите Одеса и Николаев до крајот на 2026 година, со што ќе ја лиши Украина од пристап до Црното Море.

Западни извори објавија на 4 и 6 јуни мапа што Палиса наводно им ја презентирал на американските претставници и новинари.

Мапата покажува дека Русија има намера да заземе дополнителни 222.700 квадратни километри украинска територија и да држи вкупно 336.300 квадратни километри до крајот на 2026 година – речиси двојно повеќе од приближно 162.000 квадратни километри што Русија ги држеше до првиот месец од првичната целосна инвазија на Украина во 2022 година.

Вкупната површина на Украина е приближно 603.500 квадратни километри.

Најнови вести од: Свет

Захарова: Ова не се безбедносни гаранции за Украина, тие се гаранции за опасност за европскиот континент

Русија денеска изјави дека безбедносните гаранции што ги бара Киев во рамките на решавањето на конфликтот во Украина претставуваат „опасност за европскиот континент“.

Доналд Трамп незаконски ги замрзнала грантовите од 2,2 милијарди долари наменети за Харвард

Федерален судија во САД вчера донесе одлука дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп незаконски ги замрзнала грантовите во износ од околу 2,2 милијарди долари наменети за Универзитетот Харвард и дека повеќе не смее да го прекинува финансирањето на истражувањата на престижната институција од Бршленовата лига.

Додека траела парадата Си и Путин разговарале како да се постигне бесмртност

Додека формации со нуклеарни ракети маршираа на парадата во Пекинг, вклучен микрофон откри дека Владимир Путин и Си Џинпинг зборувале за бесмртност и трансплантација на органи, според Би-Би-Си.

Трамп: Наскоро ќе се случи нешто во Украина, но Путин и Зеленски не се подготвени

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека наскоро „ќе се случи нешто“ во Украина, но дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски сè уште не се подготвени за тоа.

Светската трговија достигна најниско ниво во последните 80 години

Генералната директорка на Светската трговска организација, Нгози Оконџо-Ивеала, предупреди дека обемот на трговијата што се одвива според правилата на организацијата, паднал на најниско ниво од крајот на Втората светска војна.

To top