Македонија

Разрешениот директор на Неврологија јавно се извинува за скандалот со “белото”

Разрешениот директор вели дека тоа бил момент на слабост и дека длабоко се кае

Поранешниот директор на Клиниката за неврологија вели дека ќе продолжи да работи како лекар и дека „ќе живее со своите подеми и падови“

Разрешениот директор на Универзитетската клиника за неврологија, Игор Кузмановски, кој беше во центарот на скандалот со видео на кое меша бела прашкаста материја, вечерва се огласи со јавно извинување преку социјалната мрежа Фејсбук.

Во врска со објавите на социјалните мрежи, изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред моето преземање на менаџирање на Клиниката за неврологија. Тоа е постапка со која не се гордеам и сметам дека е момент на моја слабост која не смее да биде пример – вели  Кузмановски.

Тој додаде дека секој човек прави грешки, но важно е да се извлече поука.

– После ова знам дека оваа грешка нема да се повтори и сум подготвен да живеам со сите мои подеми и падови – додава тој.

Кузмановски информира дека се повлекува од функцијата задоволен од резултатите постигнати со својот тим, но најави дека ќе продолжи да работи како доктор.

Се извинувам на сите кои ги разочарав и ќе продолжам да работам како доктор, она што највеќе го знам, сакам и живеам — да спасувам животи, помагам и работам за доброто на заедницата – истакна Кузмановски.

На социјалните мрежи денеска се појави видео на кое Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија и разговара со друго лице, при што се слушаат асоцијации поврзани со кокаин.

Министерот за здравство Азир Алиу веднаш го разреши Кузмановски од функцијата директор на Клиниката за неврологија, а од Министерството соопштија дека во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, чиј кадар е Кузмановски, ја поддржаа одлуката на министерот Алиу и ги повикаа институциите да постапат согласно законот и утврдените процедури.

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top