
Фудбалерите на Престон лајонс, најпопуларниот спортски колектив на македонската заедница во Австралија, стартуваше со реми 1:1 против НВС Спирит во новоформираната единствена втора лига на континентот наречена Австралиски шампионат.
Некогашниот вицешампион на Австралија, тогаш познат како Престон Македонија, поведе пред 4.241 гледач на својот стадион „Џинис стил“ преку Џејсон Ромеро во 39. минута, а триумфот на „лавовите“ им го „украде“ Кејлеб Џексон-Браун во третата минута од судиското надополнување на времето.
Престон лајонс е дел од групата Ј, во која се уште Канбера Кроејша и Авондејл, од која двете најуспешни екипи ќе продолжат во четвртфиналето.
Снимка од најважните моменти во мечот на линкот.
Како навивачите на Престон лајонс го прославија водечкиот гол на линкот.