Македонија

Ќе има тестови за дрога за сите лекари, само ако се прифатат предложените измените на законот

Министерот најави дека, иако не е сигурно дали може да се воведе законска обврска за токсиколошки тестови, ќе побара во системот „Мој термин“ да се вгради рокот на лиценцата на секој лекар, со автоматска забрана за логирање кога ќе истече нејзината важност.

Првиот човек во здравството, министерот Азир Алиу рече дека лично смета оти треба да се воведе законска обврска за редовни токсиколошки анализи кај сите лекари, по објавата на скандалозната снимка на која поранешниот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, меша бела прашкаста материја и вели дека користи „само чисто бело“. Алиу, сепак, призна дека не е сигурен дали таквата обврска може веднаш да се вметне во некој од 12 здравствени закони што моментално се менуваат.

  • „Правно не знам дали тоа може да се дефинира. Јас би сакал, како министер за здравство, да има таков член во законот, но да ви кажам во кој закон и дали тоа може да се формулира, не би сакал кога не сум сигурен. Јас лично би сакал да имаме уште една институција која ќе го проверува и тој момент, покрај стручноста“, рече министерот Алиу.

Тој потврди дека сега веќе разрешениот директор Кузмановски од март годинава работел со истечена лиценца. Во моментот, неколку комисии — меѓу кои и Лекарската комора и Државниот санитарен и здравствен инспекторат — спроведуваат проверки за да утврдат дали и какви прегледи извршувал Кузмановски во периодот додека немал важечка лиценца.

Министерот најави дека, иако не е сигурно дали може да се воведе законска обврска за токсиколошки тестови, ќе побара во системот „Мој термин“ да се вгради рокот на лиценцата на секој лекар, со автоматска забрана за логирање кога ќе истече нејзината важност.

Алиу информираше и дека на местото на разрешениот Кузмановски е назначен нов вршител на должност — Јован Божиновски, специјалист невролог и асистент на Медицинскиот факултет во Скопје. Тој најави формирање две интерни комисии кои ќе спроведат стручен надзор врз работата на Клиниката и активностите на Кузмановски во изминатите 12 месеци.

Најнови вести од: Македонија

Пандов:Убијците и силувачите на деца не заслужуваат доживотен затвор, треба да се врати смртната казна!

„Корумпиран полицаец треба да биде лоциран и избркан од работа. Во тој поглед има подобрување: имаме откриено затворски полицајци, што помагаат во шверц. За помалку од две години сме суспендирале сигурно над 30 затворски полицајци. Од нив дел се со обвиненија, а дел се веќе и осудени. Но има одредени затвори каде што тоа сѐ уште е голем проблем.“ – вели Александар Пандов, директорот на Управата за извршување на санкции, во интервју за порталот МКД.мк. Корупција, шверц, „затворски шерифи“ и систем што со години бил запуштен. Што се случува навистина зад решетките во македонските затвори?  Пандов отворено зборува за состојбите во македонските затвори, корупцијата, шверцот и предизвиците во ресоцијализацијата на осудените лица. Тој открива дека системот наследил сериозни проблеми, оти во затворите работеле и поранешни осуденици, но тврди дека тоа веќе го нема и дека се преземаат конкретни чекори за подобрување на затворскиот систем.

Мицкоски: Македонскиот идентитет повеќе нема да биде распродаван!

Следбенците на живковизмот во Бугарија денеска слават што имаат вакви политичари во Македонија, кои сè уште се активни, како луѓето од опозицискиот СДСМ, кои мислат дека на овој начин ќе привлечат некакво внимание

To top