Регион

(Видео): Тажни сцени и солзи – музичката легенда Халид Бешлиќ замина во вечноста

Жалобната поворка потоа тргна низ центарот на Сараево од Ферхадија, преку улицата Вјечна ватра, сè до градските гробишта „Баре”. Реката од луѓе, со солзи и песни, го испрати својот идол на последниот пат. Многумина носеа фотографии и свеќи, а некои фрлаа цвеќе по ковчегот додека минуваше.

Повеќе од 100.000 луѓе денеска се собраа во Сараево, за последен пат да му оддадат почит на музичката легенда Халид Бешлиќ. Главниот град на Босна и Херцеговина беше обвиен во тага, додека низ улиците одекнуваа неговите најголеми хитови – песни што обединија генерации и ја одбележаа една епоха на балканската музика.

Комеморацијата започна во Народното позориште во Сараево, каде што пријатели, колеги и обожаватели се збогуваа со уметникот кој со својата музика ја претвори секоја песна во емоција. Во салата владееше тишина, прекинувана само од аплаузи и солзи. Секој збор изговорен од сцената беше исполнет со благодарност и почит кон човекот кој со својата топлина и харизма остави неизбришлива трага.

По комеморацијата, ковчегот со телото на Халид беше пренесен во Гази Хусрев-беговата џамија, каде што се одржа молитва за вечен покој. Илјадници верници се помолија за неговата душа, а голем број луѓе стоеја пред џамијата, не успевајќи да најдат место во дворот.

Жалобната поворка потоа тргна низ центарот на Сараево – од Ферхадија, преку улицата Вјечна ватра, сè до градските гробишта „Баре”. Реката од луѓе, со солзи и песни, го испрати својот идол на последниот пат. Многумина носеа фотографии и свеќи, а некои фрлаа цвеќе по ковчегот додека минуваше.

Според проценките на полицијата, ова беше една од најмасовните поворки што Сараево ги видело во последните децении. Ковчегот беше носен од блиски пријатели и колеги на пејачот, меѓу кои и неколкумина негови долгогодишни соработници. Сцената беше длабоко емотивна – градот како да застана за да му каже „благодарам” на својот син.

На гробиштата „Баре”, покрај членовите на семејството, присуствуваа бројни јавни личности, политичари и музичари од целиот регион. Во знак на симболика, на гробот беше положен микрофон – неговиот најверен придружник на сцената, симбол на кариерата и животот што го посвети на публиката.

Во најтешкиот миг, синот Дино, заедно со имамите, го спушти телото на својот татко во гробот. Солзите на семејството, но и на илјадниците луѓе кои стоеја околу, ја покажаа големината на човекот кој зад себе остави повеќе од музика – остави љубов, добрина и сеќавања што нема да избледат.

Сараево вечерва е тивко, но во секој дом, кафуле и автомобил сè уште се слушаат песните на Халид Бешлиќ. Неговата топла интерпретација и човечност ќе продолжат да живеат, а легендата за него ќе се прераскажува со истата емоција со која тој пееше за животот, љубовта и за судбината.

Најнови вести од: Регион

Пензиите во Србија се зголемуваат за 50 евра

Во Србија, во претходната година, од декември 2024 година, кога пензиите беа зголемени за 10,9 проценти, до декември 2025 година, пензиите кумулативно се зголемиле за 24,4 проценти, што е далеку повисоко од инфлацијата во овој период, која беше едноцифрена.

Вучиќ: „Убијте ме, не ја разбирам логиката“ на САД

Српскиот претседател изјави дека не ја разбира логиката на САД во врска со санкциите против Нафтената индустрија на Србија (НИС) и не верува дека САД ќе ја променат својата одлука и ќе одобрат лиценца за увоз на нафта, што ќе значи затворање на рафинеријата во Панчево

Борисов со предвидување што ќе се случи ако падне бугарската влада

Моментален хаос, скок на цените и влада од коалиција со „ черепи и коски“. Еве што ќе се случи ако владата падне. Вакво предвидување даде во саботата Бојко Борисов, лидерот на клучната партија ГЕРБ во владата. Бугарската влада составена од три коалициски партнери ја води членот на ГЕРБ, Росен Жељасков.

(Видео): Во Хрватска протест против странските работници, мигрант избодел калуѓерка во Загреб

Повик на забрана за доведување странски работници во Хрватска и заштита на домашната работна сила, најавувајќи десет барања што ќе ги упатат до властите. На самиот митинг, говорникот и лидер на Здружението за подобра Хрватска, Роналдо Баришиќ, се обрати на групата собрани луѓе и ги повтори пораките за „замена на населението“ и измени во Законот за вработување на странски работници.

Борисов кажа: Нацрт-буџетот ќе биде повлечен

Бугарската влада го повлече нацрт-буџетот што веќе беше доставен до парламентот, по масовните протести пред Собранието, негодувањето на партиите и синдикатите и предупредувањата од Европската комисија дека нацртот не е усогласен со буџетските правила на Европската Унија.

Лидерот на владејачката партија ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов, во парламентот најави дека предлогот ќе биде повлечен.

To top