Регион

Европската интеграција на Западен Балкан одново во фокусот

Со оглед на сложената геополитичка ситуација во светот, проширувањето повторно е меѓу стратешките приоритети на ЕУ и се очекува европската страна да ја потврди својата посветеност на европската перспектива на земјите од Западен Балкан

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на Самитот Европска Унија-Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, Република Црна Гора, соопштија вчера од Владата.

Лидерите на ЕУ и лидерите на земјите од Западен Балкан на Самитот се очекува да го оценат напредокот во интеграцијата на земјите од регионот кон ЕУ, а темите на дискусија ќе бидат и безбедносните предизвици и зајакнувањето на соработката во областа на надворешната и одбранбената политика.

Самитот се одржува шест месеци по последниот самит во Брисел, потврдувајќи ја силата на односите на ЕУ со Западен Балкан.

Самитот ќе го води претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, а домаќин ќе биде претседателот на Црна Гора, . ЕУ ќе ја претставуваат претседателот на Европскиот совет и претседателот на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен. Се очекува и учество нависоката претставничка за надворешна политика, Каја Калас.

Темата на самитот е „Споделен просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“, соопштија од Еврропскиот совет

За време на ручекот, денеска, лидерите ќе разговараат за проширувањето. Тоа ќе биде можност ЕУ да ја повтори својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ.

Се очекува лидерите да го оценат напредокот постигнат во постепената интеграција на Западен Балкан во ЕУ и како таа понатаму да се унапреди, особено преку Планот за раст за Западен Балкан.

Тие, исто така, ќе разгледаат како да се справат со заедничките предизвици и да се зајакне безбедноста и отпорноста, наспроти сè посложената геополитичка позадина.

Со оглед на сложената геополитичка ситуација во светот, проширувањето повторно е меѓу стратешките приоритети на Унијата. На состанокот, се очекува европската страна да ја потврди својата посветеност на европската перспектива на земјите од Западен Балкан.
Самитот, како што соопштија вчера од Владата, ќе се одржи во хотелот „Регент Порто Монтенегро“, а завршувањето на попладнево  во 15:30 часот, како што информираат од Владата, е предвидена заедничка прес-конференција во Музејот на поморското наследство во Тиват.

Премиерот Мицкоски минатата недела, одговарајќи на новинарски прашања, потврди дека ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, каде што, како што рече, очекува да слушне повеќе детали за новите концепти и идеи за процесот на проширување на Европската Унија. Изјавата на Мицкоски конкретно се однесуваше на предложениот модел на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој повика на иновативни решенија за забрзување на процесот на проширување, ставајќи посебен фокус на Украина, но и на земјите од Западен Балкан и Молдавија.

Пред самитот во четврток, Франција и Германија презентираа иницијатива за давање нов поттик на проширувањето на ЕУ. Намерата е постепено вклучување на земјите-кандидатки за членство во ЕУ и поедноставување или забрзување на процесот на проширување.

Мицкоски на вечера со учесниците на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват

 

 

Најнови вести од: Регион

Рама: Урсула да не ги заборави „децата“ кои бараат влез во ЕУ

Албанскиот премиер рече дека „децата на Урсула“ се седумте кандидати кои активно преговараат за членство во ЕУ, имено Албанија, Црна Гора, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Украина и Молдавија

Кривична пријава против Еди Рама и Бленди Гонџе за издвоените пари за концерт

Според пријавата, Рама и Гонџе се товарат за кривични дела „Злоупотреба на службена должност“ и „Повреда на рамноправноста на учесниците во тендери или јавни аукции“, извршени во соработка.

To top