Македонија

Ангелова: Дехари сексуално се изживува и ги понижува жените во Кичево

На денешната прес-конференција, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, реагираше остро на неодамнешно објавените аудио-записи кои, според неа, откриваат дека градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, наместо да се грижи за интересите на граѓаните и развојот на општината, сексуално ги вознемирува и понижува вработените жени во локалната самоуправа.

На денешната прес-конференција, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, реагираше остро на неодамнешно објавените аудио-записи кои, според неа, откриваат дека градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, наместо да се грижи за интересите на граѓаните и развојот на општината, сексуално ги вознемирува и понижува вработените жени во локалната самоуправа.

– Овие снимки се скандалозни, а односот на Дехари на нив понижувачки за секоја жена. Ова не е само навреда кон жените во општина Кичево, туку и кон сите жени во Македонија – без разлика дали се Албанки, Македонки, Турчинки, Влаинки или од која било друга заедница. Ова е срам за целиот наш мултиетнички мозаик, за секое семејство што воспитува ќерки со почит, труд и достоинство.

Ангелова нагласи дека ваквото однесување нема никаква врска со културните, верските или традиционалните вредности и дека мора да биде осудено од сите граѓани, без разлика на етничката припадност – од Албанци и Македонци до секој совестен жител на Кичево и цела држава.

Од снимките, според пратеничката, јасно се слуша дека жените вработени во општината се принудувани да го бакнуваат Дехари и, со очигледна одбивност и гадење, да изјавуваат дека му седнуваат во скутот.

– Ова е скандал, и изживување врз цел еден колектив и сите жени. Зарем до тој степен е падната ДУИ, па за вакви луѓе води кампања за повторен мандат? Дали традицијата и почитта кон жената за ДУИ се небитни? Која е пораката до сите жени и до семејствата – праша пратеничката Ангелова.

Таа инсистира дека скандалот не смее да се игнорира или минимизира – Дехари мора веднаш да поднесе оставка без повлекување и трајно да се повлече од јавниот живот.

Пратеничката се запраша дали жените во редовите на ДУИ ќе се изјаснат по оваа афера, дали Комисијата за заштита од дискриминација ќе покрене постапка за родово базирано вознемирување и дали лидерот на партијата, Али Ахмети, ќе го поддржи својот „миленик“ кој, како што рече, се однесува несовестно кон вработените жени.

– Ова не смее да помине без широка општествена осуда. Ова не е 18 и 19 век, жените не се робинки или нечија сопственост, тие се нечии мајки, ќерки, жени, деца. Ниту тие, ниту нивните семејства го заслужуваат ова. Ги повикуваме сите партии да реагираат, сите институции, здруженија за заштита на жените, но пред сè ЈО за организиран криминал, најблискиот другар на Ахмети да даде став – рече пратеничката од Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред неколку дена, повеќе онлајн портали пренесоа аудио-снимки од Фејсбук-профилот на корисник по име Ел Чека, на кои, наводно, се препознава гласот на градоначалникот Дехари додека, на албански јазик, води непријатни и навредливи разговори со жени од општинскиот персонал

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: СДСМ се бори само за бизниси, тендери, зделки и профитирање на нечесен начин, а не за интересите на граѓаните

„Нивниот дом, за кој се борат се бизнисите, тендерите, зделките во четири очи, фабриките за марихуана, желбата да се профитира на нечесен и криминален начин.“ – нагласи лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски од митингот во Берово.

За само една година во Македонија уништени шуми колку половина Англија

И покрај заложбите на повеќе од 140 земји на климатската конференција на ОН во Глазгов во 2021 година да се запре глобалното уништување на шумите до 2030 година, извештајот открива дека напредокот е далеку од планираното – уништувањето на шумите се ближи до опасна пресвртна точка.

To top