Македонија

Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на градоначалникот Дехари

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, остро го осуди скандалот предизвикан од аудио снимки објавени на социјалните мрежи, кои откриваат неподобно однесување на градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари (од ДУИ, сега Национална алијанса за интеграција), кон женски вработени во општината.

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, остро го осуди скандалот предизвикан од аудио снимки објавени на социјалните мрежи, кои откриваат неподобно однесување на градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари (од ДУИ, сега Национална алијанса за интеграција), кон женски вработени во општината. Овие снимки, објавени на профилот „Ел Чека“ на Фејсбук, сугерираат сексуално малтретирање и понижување, што предизвика масовни реакции во пресрет на локалните избори.

Според Митева, ваквите навреди, понижувања и злоупотреба на моќта се недостојни за било кој човек, а особено за носител на јавна функција. Ова не е само личен проблем, туку системска злоупотреба што го загрозува човечкото достоинство и правата на жените.

„Најостро го осудуваме овој чин и бараме итна реакција од сите надлежни институции и организации, од Јавното обвинителство кое треба и мора да го провери овој случај, дали бил изолиран или пак станува збор за начин на делување на Дехари, па се до Народниот правобранител и сите организации кои ги застапуваат и штитат правата на жените“, рече Митева.

Таа нагласи дека нема место за толеранција или молчење, и дека секоја злоупотреба на позицијата мора да води до кривична и морална одговорност. Дехари, според неа, ја изгубил довербата на граѓаните, особено на жените, и не заслужува да ја води општината.

„Секој кој ја злоупотребува својата функција за навредување и вознемирување на своите вработени мора да сноси кривична, но и морална одговорност. Дехари со ваквото однесување ја изгуби секоја доверба, градоначалник кој покажал такво непочитување кон жените и институцијата што ја води, не ја заслужува довербата на граѓаните. И сигурни сме дека и албанската заедница се срами од ваквото однесување, бидејќи ова не е прашање на етничка припадност, туку на човечко достоинство и морал“, изјави Митева.

Оваа реакција на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа по слични осуди од други партии и организации. Пратеничката Елена Ангелова го нарече Дехари „срам за сите жени во Македонија“, барајќи оставка и реакција од ДУИ, додека коалицијата „Вреди“ го оцени скандалот како одраз на деградираната политичка култура. Антифашистичкото фронт на жени (АФЖ) од Левица побара кривична казна за сексуално малтретирање, нагласувајќи системската злоупотреба на моќта. ДУИ засега молчи, што дополнително ги зајакнува критиките за заштита на Дехари, додека снимките се шират брзо на социјалните мрежи, предизвикувајќи дебата за родовото насилство и етиката во политиката.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top