Македонија

Меџити: Не сум во трка со Бујар Османи, туку со Али Ахмети

Битката за Чаир ќе ја одреди политичката иднина на Албанците

„Битката во Чаир не е само борба за тоа кој ќе ја управува оваа општина во следните четири години. Оваа битка ќе ја одреди и политичката иднина на Албанците: дали ќе се вратат оние што владееја со ароганција и завршија на црните листи или ќе продолжиме ние да владееме со елеганција и да бидеме на светлите страници на нашата историја“, порача синоќа на цнтралниот митинг во Чаир, кандидатот на ВРЕДИ за градоначалник на оваа општи.

Изет Меџити, им се заблагодари на сите активисти и граѓани за нивната постојана поддршка за време на целата изборна кампања.

„Сакав честа на Чаир да ја преземам врз себе и да им покажеме на сите дека Чаир не е трамполина за спас на политичките кариери на истрошените политичари од Зајас.

Чаир не е ниту средство за враќање на власт на оние кои денес тагуваат во опозиција и мислат дека преку победа во Чаир ќе се вратат во владата.

На 19 октомври, некои од нив ќе бидат испратени во политичка пензија, а некои во историјата“, порача Меџити.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Му го одзеле возилото, возел без возачка и под дејство на алкохол во Неготино

Неготинец бил лишен од слобода и му било одземено возилото, откако полицијата денеска констатирала дека возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола. – Денеска во 1:20 часот, на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С., […]

СЕММ повикува на одговорно известување за протестите поврзани со „Safe City“

Советот за етика во медиумите потсетува дека протестите и чувствителните теми бараат сеопфатен контекст, внимателен јазик и избегнување генерализации што можат да поттикнат поларизација

To top