Македонија

Мицкоски: Коалицијата СДСМ-ДУИ излегува со лаги и манипулации небаре граѓаните имаат кратко памтење

Небаре граѓаните не разбираат за сето тоа коешто тие го работеа и како да заборавија на сите нивни скандали кои тогаш ни се случуваа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во општина Дебарца, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“, порача дека од тоа што се гледа на терен е јасно дека работат ќе биде завршена уште во прв круг и Златко Сиљаноски ќе биде новиот градоначалник.

Мицкоски исто така повика што е можно помасовно излегување на гласање на овие локални избори, задутре на 19 октомври и да го заокружат бројот 9.

Мицкоски повтори дека ова кампања понуди имаа две групи кои се издвојуваат, едната е групата којашто е неформална коалиција помеѓу СДСМ, ДУИ и Левица која на овие избори излегува, исклучиво, со црна кампања од прв ден се до денес.

-Кампања на лаги, на клевети, кампања во која се обидуваат повторно да ги навредат граѓаните, нивната интелигенција и играат на картата на кратко помнење, небаре сите ние сме заборавиле дека до пред само година и половина влада во Македонија беше коалицијата СДСМ и ДУИ. Небаре граѓаните не разбираат за сето тоа коешто тие го работеа тие и како да заборавија на сите нивни скандали кои тогаш ни се случуваа, рече Мицкоски, додавајќи дека со тоа само ја промашија кампањата и политичките пораки, слушнавме се само не какви проекти нудат.

Овие од ДУИ, додаде Мицкоски, покажаа дека можеби сум им идол, па половина од кампањата немаше митинг Али Ахмети да не излезе и да не го спомне моето име.

Во однос на Левица, Мицкоски посочи дека тие малку беа збунети, бидејќи сега бараат нов стопан, а претходно им беше Зоран Заев.

-Бидејќи нивната карактерна особина им е таква, или на социјалните медиуми каде што се присутни да лажат, да креираат материјали, да вадат од контекст, мислејќи дека на тој начин ќе добијат некаква симпатија. Или пак сега да одработуваат, во случајот за Али Ахмети и ДУИ, додаде Мицкоски објаснувајќи дека Левица одлучила да не кандидираат кандидати за градоначалници во родниот град на претседателот на партијата, Велес и Штип, но извадија во Тетово, Гостивар и Струга.

-И нивните кандидати за градоначалници, па и самото раководство на партијата, нема да го слушнете да каже ниту еден лош збор, да речеме за Рамиз Мерко. Тој е добар. Нема ниту еден статус, ниту еден лош збор нема да слушнете за на пример, кандидатот на ДУИ и Алијанса на Албанците во Струга. Нема лош збор, тој е идеален. Или пак за актуелниот градоначалник во Гостивар, којшто е наследник на Арбен Таравари и поддржан од Али Ахмети, посочи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top