
Еден од најтрофејните ракометни тренери во историјата Лино Червар одвај чека да присуствува јкако специјален гостин на спектаклот „Олстар ракомет: Легендите на сцена“ на 29 октомври во СЦ „Јане Сандански“.
„Многу сум среќен што повторно ќе бидам во мојата Македонија. Тоа е земја која ја чувствувам како своја – со луѓе полни со емоции, срце и љубов кон ракометот. Им честитам на Спортско радио 90.3 за 20 години работа и ми е голема чест што ќе бидам дел од овој настан. Едвај чекам повторно да ги видам сите мои пријатели, играчи и навивачи кои го направија македонскиот ракомет посебен“, вели поранешниот селектор на Македонија и тренер на Металург, со кој во два навратра стигнуваше до последнатра пречка пред заврпшниот турнир во Лигата на шампионите.
Покрај олимпискиот шампион како селектор на Хрватска во 2004 година во Атина и светски првак со „коцкестите“ една година претходно во Португалија, дел од ракометниот спектакл ќе бидат и Веселин Вујовиќ, Арпад Штербик, Иван Чупиќ, Игор Карачиќ, Жоан Кањелас, Данил Шишкарев, Игор Вори, Страхиња Милиќ, Вуко Борозан, Ренато Вугринец, Жељко Муса, Горан Шпрем, Петар Ѓорѓиќ, Илија Абутовиќ, Златко Хорват, Мануел Штрлек итн.