Македонија

Над 3.000 евра за квадрат метар стан во Центар

Од скопските општни во третиот квартал во Центар се продадени 236 станови, 133 во Чаир, 121 во Гази Баба, 114 во Кисела Вода, 103 во Карпош

Продаден е стан за 280.000 евра со вкупна површина од 91 метар во општина Центар со што квадратен метар ја надмина границата од  3.000 евра во Скопје, покажуваат денеска објавените податоците од Агенцијата за катастар на недвижности.

Најголем број продадени станови евидентирани во Регистарот на цени и закупнини има во општина Аеродром, 275 станови, а Битола е со најмногу продадени куќи, 71.

Од скопските општни во третиот квартал во Центар се продадени 236 станови, 133 во Чаир, 121 во Гази Баба, 114 во Кисела Вода, 103 во Карпош…

Во Гостивар се продадени 11 станови, во Охрид 99, во Тетово 84, во Струмица 83.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top