Свет

(Видео): Полициска потера со лош крај – водителите шокирани од ужасот што го гледаа во живо

„О, Боже мој! О, не, о, не“, извикал шокираниот водител, додека некој друг му наредил на снимателот да го задржи широкиот кадар. Кога преносот во живо се префрлил во студиото, водителскиот пар останале со отворени усти од шок, откако штотуку биле сведоци – и покажале – на смртта на еден човек на телевизија во живо.

Тој починал на местото на настанот, пред камерите да можат да се префрлат на друг кадар. Хеликоптер на CBS од Лос Анџелес вчера снимал полициска потера по осомничен за грабеж во украдено бело комбе низ Кинеската четврт кога возачот влегол на автопатот 110 и набрзо застанал.

Возачот потоа излегол од прозорецот на комбето додека возилото сè уште се движело бавно напред, а потоа веднаш се обидел да скокне преку заштитната ограда што ги одделува двете ленти. Сепак, тој се сопнал и паднал во брзата лента – автомобил веднаш налетал на него и го удрил челно – додека камерата ја снимала целата сцена, во која било јасно дека другите автомобили не можеле да застанат.

„О, Боже мој! О, не, о, не“, извикал шокираниот водител, додека некој друг му наредил на снимателот да го задржи широкиот кадар.

Кога преносот во живо се префрлил во студиото, водителскиот пар останале со отворени усти од шок, откако штотуку биле сведоци – и покажале – на смртта на еден човек на телевизија во живо.

Според KTLA, човекот бил удрен од два автомобила.

Полицијата се обидела да преземе мерки за спасување додека чекала брза помош од Противпожарната служба на Лос Анџелес, според снимките од KTLA.

Но, додека пристигнала брзата помош, телото на осомничениот веќе било покриено со бел чаршаф среде автопатот.

Во комбето немало други луѓе, иако на местото на настанот била повикана контрола на животни за да извади куче од возилото. Не е јасно дали животното е повредено.

Сообраќајот бил затворен во двата правци шест часа додека истражителите го обработувале местото на настанот.

Предупредуваме дека видеото е вознемирувачко!

 

Најнови вести од: Свет

Трамп за средба со Путин: Не сакам да имам залуден состанок

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека би сакал да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин само ако може да се очекува продуктивен самит, без да ги потврди медиумските извештаи за одложување или ставување во мирување на планираниот состанок во Будимпешта.

Доналд Трамп ќе се бори против „длабоката држава“ во САД со високорангирана тајна агенција

„Група од десетици официјални лица од целата федерална влада, вклучувајќи и американски разузнавачки офицери, помагаат во насочувањето на напорите на претседателот Доналд Трамп за одмазда против неговите перцепирани непријатели, според владините записи и извор запознаен со напорите.“ – објави новинската агенција „Ројтерс“.

Актерот тврди дека е биолошки татко на децата на Мајкл Џексон – што го прашал кралот на поп-музиката пред да се роди првиот син?!

Еден од најголемите музичари на сите времиња уште за време на животот се соочувал со безброј обвинувања на своја сметка, а меѓу нив е и, би се рекло – вечното прашање: кој е биолошкиот татко на неговите деца?!

Најнови вести

To top