Фудбалерите на Шкендија испишаа историја за македонскиот фудбал со победата над ирски Шелбурн од 1:0 во Скопје во Конференциската лига на УЕФА, прва за тим од Македонија во групната фаза од европско клупско натрпреварување.
Автоголот на Педи Барет во првата минута од судиското надополнување на времето на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го реши победникот на мечот од второто коло, во кое македонскиот првак ја забележа првата чпобеда во ова натпреварување по стартниот пораз од 2:0 кај Рајо Валјекано во Шпанија.
Со три бода од можни шест, тетовските „црвено-црни“ се 19. на табелата од која најдобрите 24 екипи ќе го продолжат натпреварувањето.
Во следното коло на 6 ноември Шкендија ќе ја пречека полска Јагјелонија, донеодамнешниот клуб на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.