Македонија

Едногласно избран нов Митрополит Дебарско-Кичевски

На денешната седница на Светиот архиерејски синод, без ниту еден глас против, за нов митрополит Дебарско – кичевски е избран Неговото Високопреподобие, игуменот Георгиј (Ѓорѓевски). Со овој избор, завршува периодот на вакуум што траеше од ноември минатата година, кога се упокои митрополитот Тимотеј – еден од највлијателните архиереи во последните децении. Македонската црковна јавност добива […]

На денешната седница на Светиот архиерејски синод, без ниту еден глас против, за нов митрополит Дебарско – кичевски е избран Неговото Високопреподобие, игуменот Георгиј (Ѓорѓевски).

Со овој избор, завршува периодот на вакуум што траеше од ноември минатата година, кога се упокои митрополитот Тимотеј – еден од највлијателните архиереи во последните децении.

Македонската црковна јавност добива наследник со силно академско поткрепување, богато духовно и дипломатско искуство и со неспорен авторитет во богословските кругови, оценува Плусинфо..

Роден на 24 јули 1968 година во Скопје, Георгиј уште од млади години стапил на патот на верата. По завршувањето на основното образование, се запишал во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево, каде матурирал во 1986 година.

Богословските студии ги продолжил и завршил во Скопје, а веќе на 22-годишна возраст станал професор во своето поранешно училиште.

Научниот пат го однел во Германија, а потоа и во Рим, каде што магистрирал и докторирал на престижниот Понтификален универзитет „Грегоријана“ – еден од најреномираните римски теолошки центри.

Покрај академската кариера, Георгиј бил и блиска личност на архиепископот, извршувајќи ја функцијата шеф на Кабинетот од 2000 до 2010 година. Истовремено, бил и секретар на Американско-канадската епархија, а во периодот од 2010 до 2014 година – амбасадор на Република Македонија при Светата Столица во Ватикан.

По завршувањето на дипломатската мисија во два мандати го води Богословскиот факултет како декан, каде што и денес е професор.

Замонашен е на 27 мај 2025 година во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во Криви Дол, а во само три последователни дена е ракоположен во јероѓакон, јеромонах, и на Педесетница – 8 јуни, добива и чин игумен.

Ваквата брзина на духовно издигнување е редок феномен дури и во црковните кругови и сведочи за висока доверба од врвот на црквата.

(…)

Со изборот на митрополит Георгиј, Светиот архиерејски синод испраќа порака за консензус, стабилност и обновен фокус кон духовниот и образовен развој на верниот народ.

Сега останува да се објави датумот на неговото ракополагање во архиерејски чин – свечен чин кој ќе го означи почетокот на нова страница во животот на Дебарско-кичевската епархија.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top