Хроника

Кнауф дел од ,,Розовиот Октомври”

Навремената реакција и информираноста е најсигурен начин за зачувување на здравјето

Кнауф се приклучи кон глобалната кампања „Розовиот октомври“, посветена на подигнување на свеста за ракот на дојка.

Во рамки на иницијативата, компанијата организираше едукативен настан и обезбеди ваучери за специјализиран преглед за сите жени вработени, во соработка со ПЗУ „Центар за дојка“.

Во тренинг центарот во просториите на Кнауф, предавање одржа д-р Маја Стојановиќ Чрчева од ПЗУ „Центар за дојка“, која зборуваше за важноста на раната дијагностика, самопрегледот и редовните контроли. Преку практични совети и разговор со присутните, таа го истакна значењето на навремената реакција и информираноста како најсигурен начин за зачувување на здравјето.

„Розовиот октомври е потсетник дека навремената реакција спасува животи. Преку оваа иницијатива сакаме да ја истакнеме важноста на превенцијата и да ја охрабриме секоја жена да одвои време за своето здравје. Кнауф постојано вложува во активности што имаат долгорочен ефект, било да се однесуваат на вработените, на заедницата или на животната средина. Тоа е дел од нашата култура и начинот на кој функционираме“, изјавија од компанијата.

Со реализација на вакви иницијативи, Кнауф ја потврдува својата посветеност на превенцијата и раната детекција како клучни фактори во заштитата на здравјето. Така, грижата за луѓето не останува само дел од корпоративните вредности, туку се претвора во реална практика што создава позитивни промени и долгорочен ефект, велат од компанијата.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top