Свет

Нов жесток напад врз Киев – има загинати и повредени

Русија лансирала девет балистички ракети „Искандер-М“ од регионите Ростов и Курск, како и 62 борбени дрона „Шахед“

Русија синоќа изведе нов силен напад врз Киев, во кој загинаа најмалку две лица, а деветмина се повредени, јавува The Kyiv Independent. Главниот град на Украина повторно беше цел на балистички ракети и дронови, што предизвика силни експлозии и пожари во неколку делови од градот.

Според првични информации, меѓу целите на руските напади биле и термоелектрани во Киев и неговата околина.

Експлозиите одекнале околу четири часот утринава по локално време, а началникот на киевската воена управа, Тимур Ткаченко, потврди дека нападот има тешки последици и голема материјална штета.

„По ударите избувнаа неколку пожари на левиот брег од реката Дњепар“, изјави Ткаченко, додавајќи дека пожарникарите веднаш интервенирале.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека екипите за спасување биле испратени во округите Дарницки и Десњански, каде што се запалиле неколку индустриски објекти. Во Дњипровскиот округ се пријавени оштетени згради, возила и детска градинка, а во дворот на една стамбена зграда останал длабок кратер од ракетен удар.

Според украинското воено воздухопловство, Русија лансирала девет балистички ракети „Искандер-М“ од регионите Ростов и Курск, како и 62 борбени дрона „Шахед“. Противвоздушната одбрана успеала да пресретне 50 дрона и четири ракети, но пет ракети и 12 дрона ги погодиле своите цели на четири различни локации.

Овој напад доаѓа само три дена по претходниот масовен руски удар врз украинските градови, кога загинаа шест, а беа повредени 44 лица.

Русија последните недели ги засили нападите врз енергетската инфраструктура, подготвувајќи се за зимата. Украина, пак, беше принудена да воведе рестрикции на електричната енергија, додека градоначалникот Кличко предупреди дека престојната зима ќе биде најтешка од почетокот на руската инвазија. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Свет

Талибанците во Авганистан го легализираа семејното насилство: Донесен закон што дозволува мажот да ги тепа жената и децата!

Талибанците во Авганистан на 21 февруари го донесоа новиот Кривичен закон што им дозволува на мажите да ги тепаат своите „сопруги и деца“, под услов тоа да не резултира со „видливи фрактури или отворени рани“. Законот го класифицира семејното насилство како „дискреционо“ прашање, наместо да го третира како изричито кривично дело.

Орбан до Зеленски: 4 години сакате да нè вовлечете во војната меѓу Украина и Русија

Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“, му порача Орбан на украинскиот претседател

To top